Буков крин
From Wikipedia, the free encyclopedia
Буков крин или мартагон[1] (лат. Lilium martagon) е вид на лилјан. Автохтониот ареал му е доста широк, протегајќи се од централна Европа до северна Азија, Монголија и Кореја. Познати се неколку подвидови. Растението се вкоренува од стебло, и достигнува височина од 1–2 m. Цветот му е претежно розово-виолетов со темни дамки, но знае прилично да варира, од скоро бел, па сè до скоро црн. Цветовите му се миризливи. Секое растение има голем број цветови, со тоа што побујните имаат дури и по 50.
Кратки факти Буков крин, Научна класификација ...
Буков крин | |
---|---|
Буков крин | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносемени |
Нерангирано: | Монокотиледони |
Ред: | Лилјани |
Семејство: | Лилјани |
Род: | Лилјан |
Вид: | L. martagon |
Научен назив | |
Lilium martagon Л. | |
Затвори