From Wikipedia, the free encyclopedia
Душановиот законик (во старите ракописи се нарекува Закон Благовјернаго Цара Душана), покрај Номоканонот на Св. Сава, е најзначаен закон на феудална Србија, донесен на соборот на црковните великодостојници и власници во Скопје на 21 мај 1349, а дополнет на соборот во Сер во 1354. Законот бил усвоен со цел да се осигура владетелскиот статус и бенефициите на властелата, да обезбеди мерки за држење на меропаси и други себри; и да ја зацврсти власта во освоените области создавајки единствена балканска држава.
Законикот се состои од 135 до 201 член (во зависност од верзијата на зачуваниот манускрипт). Првите 38 членови се посветени на црквата, потоа следат одредби кои се однесуваат на бенефициите на властелата и слободните луѓе и нивните должности, потоа одредби кои говорат за обврските на зависното население. Во продолжение следуваат одредби за судството и правото на судиите, за казните за различните врсти на кривични и други престапи.
При составувањето на законикот, како извори послужиле: Одредбите од византиското право, т.н. Василики и разни српски повелби и договори. Во Законикот се наоѓаат и два византиски правни документи: скратена Синтагмата на Матија и Законикот на царот Јустинијан I (Јустинијановиот кодекс)
Некои преписи на Душановиот законик започнуваат со зборовите: „Законик на пречесниот и христољубивиот македонски цар Стефан, владетел српски, бугарски, унгарско-влашки, далматиниски, арбанашки, и на многу други региони и земји“. Вака гласат загрепскиот, раваничкиот и софискиот препис на Душановиот законик.
Прогласувајќи се за владетел на балканските народи царот Душан ја истакнал претензијата на легитимно владеење со поданиците на Византиското царство.
Оригиналот на Душановиот законик не е зачуван, но денес постојат околу 20 преписи меѓу кои се загребскиот, призренскиот, струшкиот и софискиот.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.