From Wikipedia, the free encyclopedia
Ендометриоза е честа состојба која погодува околу 10% од жените. Тоа е состојба при која ткивото кое обично ја покрива матката расти се наоѓа на други невообичаени места во телото. Најчесто, ендометриозата се наоѓа во карличниот дел. Овие израслини може да предизвикаат бројни симптоми како што се болки во карличниот дел и неплодност.
Ендометриоза | |
---|---|
Ендометриоза видена при лапароскопска хирургија | |
Специјалност | Гинекологија |
Симптоми | Карлична болка, неплодност[1] |
Вообичаена појава | 30–40 години[2][3] |
Времетраење | Долготрајно[1] |
Причинители | Непознати[1] |
Ризик-фактори | Семејна историја[2] |
Дијагностички метод | Врз основа на симптомите, медицинско снимање, ткивна биопсија[2] |
Диференцијална дијагноза | Карлична воспалителна болест, синдром на иритабилно црево, интерстицијален цистит, фибромијалгија[1] |
Спречување | Комбинирани орални контрацептиви, вежбање[2][4] |
Лекување | НСАИЛ, континуирана употреба на контрацептиви, интраутерини помагала со прогестерон, хирургија[2] |
Честота | 10.8 милиони (2015)[5] |
Смртни случаи | ~100 (2015)[6] |
Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување во врска со темите од областа на медицината (здравјето). |
Точниот причинител на оваа болест сѐ уште не се знае. Најпопуларна теорија е дека за време на менструацијата менструалното ткиво поминува назад низ јајцеводите и во карлицата каде што се зацврстува и расте. За сега се мисли дека ендометриозата е наследна.
Според една проценка 10.8 милиони жени имале ендометриоза на глобално ниво во 2015.[5] Други извори проценуваат дека се погодени 6–10% од жените.[1] Ендометриозата најчество се јавува во триесеттите и четириесеттите години; иако, може да се јави и кај девојчиња од 8 години.[2][3] Бројот на смртни случаи е мал.[7] Ендометриозата за првпат била одвоена како посебна состојба во 1920-тите години.[8] Пред тоа ендометриозата и аденомиозата биле сметани за иста болест.[8] Не е јасно кој прв ја опишал болеста.[8]
Ако жената има ендометриоза во јајниците тоа обично ќе се покаже со ултразвук. Најточна дијагноза може да се постави само со лапароскопија или пак со отворена операција. Лапароскопијата е постапка кога мал телескоп се вметнува низ мал отвор во стомакот. Лапароскопијата е корисна за да се постави дијагноза, а исто така помага да се утврди колку сериозна е ендометриозата. Таа всушност му помага на лекарот да избере најдобар начин на лекување.
За да се потврди дијагнозата ќе се направи и патолошки тест (биопсија). Ова е важно зашто честопати ендометриозата се меша со други болести. За сега не постојат тестови за ендометриоза без користење на оперативна постапка.
Многу жени имаат ендометриоза без симптоми или проблеми, меѓутоа тоа не секогаш е случај. Често симптомите од ендометриозата се:
Кај некои жени кои имаат потешкотии да останат бремени понекогаш се дијагностицира ендометриоза, иако немаат никакви симптоми. Кај некои од нив лузни на ткивото како последица од ендометриоза ќе предизвика запушување на јајцеводите. Меѓутоа, кај повеќето жени не е познато како ендометриозата влијае на плодноста. Теориите велат дека енометриозата:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.