From Wikipedia, the free encyclopedia
Жан Пол Шарл Белмондо ( </link> ; 9 април 1933 година – 6 септември 2021) бил француски актер. Првично поврзан со Новиот бран од 1960-тите, тој бил голема француска филмска ѕвезда од 1960-тите па наваму. Неговите најпознати филмови се „Без див“ (1960), „Човекот од Рио“ (1964), Лудиот Пјеро (1965), Борсалино (1970) и Професионалецот (1981).[1] Тој бил најпознат по портретирањето на полицајците во акционите трилер филмови а исто така станал познат по тоа што не сакал да се појавува во филмови на англиски јазик и покрај тоа што имал многу понуди од Холивуд.[2][3] Неприкосновен шампион на благајните како Луј де Фунес и Ален Делон од истиот период, Белмондо привлекол речиси 160 милиони гледачи во својата 50-годишна кариера. Помеѓу 1969 и 1982 година тој играл четири пати во најпопуларните филмови во годината во Франција: Мозокот (1969), Страв над градот (1975), Животно (1977), Ас на асовите (1982)[4] Популарноста на Жан Пол Белмондо како актер главно се должи на ликовите што ги толкувал во неговите филмови, сакајќи да го истакне мажествениот човек, борец, но и храбар и херојски маж, што привлекло широка публика во Франција, но и во странство.
За време на неговата кариера, го нарекувале француски пандан на актери како Џејмс Дин, Марлон Брандо и Хамфри Богарт.[5] Опишан како икона и национално богатство на Франција, Белмондо го сметале за влијателен актер во француската кинематографија и важна фигура во обликувањето на европската кинематографија.[5][6] Во 1989 година, Белмондо ја добил наградата Цезар за најдобар актер за неговата изведба во Itinéraire d'un enfant gâté . Тој бил номиниран за две награди БАФТА во текот на неговата кариера. Во 2011 година и повторно во 2017 година добил награди за животно дело: Почесната палма на Канскиот филмски фестивал и почесната Цезар награда на 42-та фестивал Цезар.[7]
Жан Пол Белмондо е роден во Неји на Сена, предградие на Париз, на 9 април 1933 година.[5] Таткото на Белмондо, Пол Белмондо, бил скулптор, роден во Алжир со италијанско потекло, чии родители биле со сицилијанско и пиемонтско потекло.[8][9][10][11] Неговата мајка, Сара Медлин Рено-Ришард, била сликарка.[12] Како момче, тој бил повеќе заинтересиран за спорт отколку за училиште, развивајќи посебен интерес за бокс и фудбал.[13]
Белмондо го направил своето аматерски боксерски деби на 10 мај 1949 година во Париз кога го нокаутирал Рене Демаре во само една рунда.[5] Боксерската кариера на Белмондо била непоразена, но кратка.[13] Тој освоил три последователни победи со нокаут во првата рунда од 1949 до 1950 година.[14] „Престанав кога лицето што го гледав во огледалото почна да се менува“, рекол тој подоцна.[13]
Додека ја служел својата национална служба во Француска Северна Африка [15] се удрил со кундакот од пушката за да ја заврши својата воена служба.[16]
Белмондо бил заинтересиран и за глума.[17] Неговите доцни тинејџерски години ги поминал во приватно драмско училиште и почнал да изведува комични скечеви во провинциите.[17] Студирал под Рајмон Жиро, а потоа го посетувал Конзерваториумот за драмски уметности.[5] Таму студирал три години.[17] Веројатно би ја добил наградата за најдобар актер, но учествувал во скеч кој го исмејувал училиштето, што го навредило жирито. Како резултат добил само почесно признание, а според еден извештај „за малку ќе предизвикаше бунт меѓу неговите огорчени колеги студенти“ во август 1956 година.[13] Инцидентот станал вест на насловната страница.[17]
Актерската кариера на Белмондо започнала во 1953 година, со две изведби во театар во Париз во претставите на Жан Ануј и Жорж Нево.[18] а потоа Белмондо одел на турнеи во провинциите заедно со пријателите, вклучувајќи ги Ани Жирардо и Гај Бедос.[19]
Белмондо првпат се појавил во краткиот филм „Молиер“ (1956)[5] а неговата прва филмска улога била сцената со Жан-Пјер Касел во „На нога, на коњ и на тркала“ (1957),[20] која била исечена од филмот;[21] сепак во продолжението Куче, глушец и Спутник (1958) имал поголем удел.[21]
Белмондо имал мала улога во комедијата Биди убава, но замолчи (1958), заедно со Ален Делон,[22] по што следела улогата на гангстер во Младите грешници (1958), во режија на Марсел Карне.[23]
Белмондо играл споредна улога со Бурвил и Арлети во Неделната средба (1958).[23] Играл и во краткиот филм на Жан-Лик Годар „Шарлот и нејзиното момче“ (1958), каде гласот на Белмондо го синхронизирале со Годар откако Белмондо бил регрутиран.[24] Како дел од неговиот задолжителен воен рок, тој служел во Алжир шест месеци.[17]
Првата главна улога на Белмондо била во Неделни пријатели (1958).[25] Подоцна имал споредна улога во Ангел на тркала (1959) со Роми Шнајдер, а потоа се појави во Мрежа на страста (1959) режиран од Клод Шаброл.[26] Во Тројцата мускетари (1959) го играл Д'Артањан.[27]
Белмондо глумел главен лик во „Земете ги предвид сите ризици“ (1960), гангстерска приказна со Лино Вентура.[28] Потоа ја играл главната улога во „Без здив“ на Жан-Лик Годар (À Bout de Souffle, 1960), што го направило глевен лик во францускиот нов бран.[24]
Без здив имал голем успех во Франција и во странство и го лансирал Белмондо на меѓународно ниво влучително и како лице на Новиот бран - иако, како што рекол, „не знам што значи“ кога луѓето го користат тој термин.[13] Според Њујорк Тајмс, тоа довело да има „повеќе актерски задачи отколку што може да издржи“.[29]
Потоа следел „Заробени од стравот“ (1960), и италијанскиот филм „Писма од почетник“ (1960).[30] Со Жана Моро и режисерот Питер Брук го направил Мдерато кантабиле (1961), а подоцна филмот го нарекол „многу досаден“.[17]
Белмондо се појавил како жиголо во антологискиот филм Љубов и Французинката (1960).[31] Потоа снимил два италијански филма, прво со Софија Лорен играл во Чочара (1961) како селско момче со очила („Може да ги разочара оние што ме типизираат“, рече Белмондо. „Но, дотолку подобро.“[13] ) а потоа спроти Клаудија Кардинале во Љубовниците (1961).[32]
Чочара и Без здив имале голема гледаност во Соединетите Американски Држави и ОК.[28] Во 1961 година, Њујорк Тајмс го нарекол „највпечатливиот млад француски актер од покојниот Жерар Филип “.[33]
Повторно работел со Годар во Жената е жена (1961) [34] и направил уште една антолошка комедија, Познати љубовни врски (1961).[32]
Подоцна, глумел во филозофскиот филм на Жан-Пјер Мелвил, Леон Морен, свештеник (1961), глумејќи свештеник.[35] Во „Човекот по име Рока“ (1962),[36] бил пензиониран гангстер а потоа имал огромен хит Картуш(1962), во режија на Филип де Брока.[37] Исто така популарна била и „Мајмун во зима“ (1962), комедија каде тој и Жан Габин глумеле алкохоличари.[38]
Франсоа Труфо сакаl Белмондо да ја игра главната улога во адаптацијата на Фаренхајт 451.[39] Ова не се случило (филмот е снимен неколку години подоцна со Оскар Вернер);[39] наместо тоа, Белмондо снимил два филма со Жан-Пјер Мелвил: криминалистички филм ноар Ле доулос (1963) и Магнет за пропаст (1963).[40][41] Тој играл заедно со Џина Лолобриџида во Лудо Море (1963) и се појавил во друга антологиска комедија, Слатко и кисело (1963).[42] Постоеле одредени контроверзии кога бил уапсен за навреда на полицаец, а полицаецот бил обвинет за напад на Белмондо.[43]
Кора од банана (1963), со Жана Моро, била популарна комедија.[44] Уште поуспешна била акциона-авантуристичката приказна „Човекот од Рио“ (1964), во режија на Филип де Брока - голем хит во Франција, но популарен и во странство.[45] Профил во списание од 1965 година го споредил со Хамфри Богарт и Џејмс Дин.[45] Белмондо го направил Алчноста на сонцето (1964) со Лино Вентура за режисерот Анри Вернеј, кој рече дека Белмондо е „еден од ретките млади актери во Франција кој е млад и мажествен“.[17] На Повратен оган (1964) повторно работел со Џин Сиберг, неговата колешка од Без здив .[46] По улогата во Машки лов (1964) тој ја одиграл главната улога во Викенд во Данкерк (1965), уште еден голем хит во Франција.
Белмондо доминирал на францускиот бокс-офис за 1964 година - „Човекот од Рио“ бил четвртиот по популарност филм во земјата, „Алчноста на сонцето“ бил седми, „Викенд во Данкерк“ деветти а „Повратен оган“ на 19-то место.[47]
Злосторство на едно летно утро (1965) бил помалку успешен [48] а До неговите уши (1965) бил обид да се повтори популарноста на „Човекот од Рио“, од истиот режисер, безуспешно.[49]
Белмондо бил повторно обединет со Годар за Лудиот Пјеро (1965), а потоа направил комедија „ Нежен подлец“ (1966).[50][51] Имал мали улоги во два филма кои биле претежно на англиски јазик, Дали Париз гори? (1966) и Казино Ројал (1967).[52][53]
По снимањето на „Крадецот од Париз “ (1967) за Луј Мал, Белмондо паузирал повеќе од една година.[3] „Еден ден се чинеше дека животот поминува покрај мене“, тој рекол. „Не сакав да работам. Затоа престанав. Потоа еден ден ми се посакав да почнам повторно. Па почнав“.[3]
Белмондо поминал три месеци од тоа време во Холивуд, но не прифатил ниту една понуда.[3] Тој не сакал да учи англиски и да се појавува во филмови на англиски јазик.
Белмондо се вратил на снимањетокриминални филмови во, Хo! (1968),[54] а потоа имал огромен хит со комедијата во која глуми со Дејвид Нивен, Мозокот (1969).[55] Подоцна се појави во Сирена од Мисисиспи (1969) под режија на Франсоа Труфо со Катрин Денев и романтичната драма Љубовта е смешна работа (1969).[24][56]
Повторен брак (1971) исто така бил популарен;а уште повеќе се прославил Провалниците (1971).[57][58]
Инспириран од успехот на Ален Делон кој ги продуцирал свои филмови, Белмондо формирал своја продукциска компанија, Черито Филмови (именувана по неговата баба, Росина Черито).[59] Првиот филм од Черито Филмови бил црната комедија Д-р Попол (1972), со Миа Фароу, најголемиот хит досега на режисерот Клод Шаброл.[24]
Несреќа (1972) бил нова верзија на Човек по име Рока (1961).[60] Наследникот (1973) бил акционен филм; додека Величенствениот (1974), сатирична акциона романса повторно го споил со Филип де Брока.[61][62]
Белмондо го продуцирал и глумел во Стависки (1974).[63] Потоа снимил серија комерцијални филмови: Непоправливи (1974),[64] Страв над градот (1975; еден од најголемите хитови на Белмондо во деценијата и прв пат кога играл полицаец на екранот),[65] Хантер ќе те фати (1976),[66] и Телото на мојот непријател (1977).[67] Во Животно (1977) игра како каскадер наспроти Ракел Велч а во Полицаец или гангстер глуми како полицаец (1979).[68][69]
Во 1980 година, Белмондо глумел во уште една комедија, Ле Гињоло. А потоа бил агент на тајната служба во Професионалецот (1981) и пилот во Ace of Aces (1982).[70][71]
“Она што не им се допаѓа на интелектуалците е успехот“, рече Белмондо.[72] „На успехот во Франција секогаш се гледа со презир, не од јавноста, туку од интелектуалците. Ако сум гол во филм, за интелектуалците тоа е во ред, но ако скокнам од хеликоптер, мислат дека тоа е ужасно.[72]
Белмондо продолжил да снима комерцијални филмови: Маргиналец (1983),[73] Les Morfalous (1984),[74] Грабеж (1985),[34] и Пасијанс (1987) од кои вториот бил големо разочарување на благајните и Белмондо се вратил во театарот набргу потоа.[75]
Во режија на Клод Лелуш, Белмондо глумел и бил копродуцент во „Патот на разгалено дете“ (1988).[76] За неговата изведба во филмот, тој добил награда Цезар.[34]
Белмондо тврдел дека имало „неколку причини“ зошто снимал помалку филмови во 1980-тите.[72] „Сега сум продуцент, така што е потребно време да се организираат работите“, изјавил.[72] „Но, исто така е тешко да се најдат добри сценарија во Франција. Имаме сериозни проблеми со пишувањето овде. И повеќе би сакал да се занимавам со театар долго време отколку да се занимавам со просечен филм“.[72]
Во 1990 година, ја одигра главната улога во Сирано де Бержерак на сцената во Париз, уште една многу успешна продукција.[72] Исто така имал и мала улога во Сто и една ноќ (1995), а потоа ја играл главната улога во верзијата на Лелуш на Клетници (1995).[77][78] Белмондо се појавил и во комедијата Дезире (1996),[79] Една шанса на двајца (1998),[80] и во научно-фантастичната комедија Можеби (1999).[81]
Во 2009 година, Белмондо глумиел во Човекот и неговото куче („Un homme et son chien“), неговата последна филмска улога.[82] И покрај тешкотиите со одењето и зборувањето, тој играл лик кој го имаше истиот хендикеп.[83] По овој филм, тој бил принуден да се пензионира во 2011 година, откако претходно доживеал мозочен удар во 2001 година.[84]
Во 1989 година, Белмондо ја добил наградата Цезар за најдобар актер за неговата изведба во Патот на разгаленото дете.[5]
Белмондо бил прогласен за Витез на Националниот ред за заслуги на Франција, унапреден во офицер во 1986 година и унапреден во командант во 1994 година[85] Тој, исто така, бил прогласен за Витез на Националниот ред на Легијата на честа, унапреден во офицер во 1991 година и унапреден во командант во 2007 година.[86]
За време на неговата кариера, Белмондо бил номиниран за две награди БАФТА.[87]
Белмондо добил неколку почесни награди - Златна палма на филмскиот фестивал во Кан во 2011 година, Златен лав на филмскиот фестивал во Венеција во 2016 година и Цезар во 2017 година.[88][89] Во 2009 година, Здружението на филмски критичари од Лос Анџелес му додели награда за достигнувања во кариерата.[90]
Во 2017 година бил добитник на награда за животно дело на 42. Цезар награди придружена со двеминутни овации.[7]
На 4 декември 1952 година, Белмондо се оженил со Елоди Константин,[91] со која имал три деца: Патриша (1953–1993), која загинала во пожар, Фиренца (родена 1958 година) и Пол (роден 1963 година) [5] Белмондо и Константин се разделиле во 1965 година[5]. Таа поднела барање за развод во септември 1966 година, а бил финализиран на 5 јануари 1968 година[92]
Белмондо бил во врска со Урсула Андрес од 1965 до 1972 година,[93], со Лаура Антонели од 1972 до 1980 година,[94] со бразилската актерка и пејачка Марија Карлос Сото Мајор од 1980 до 1987 година,[95] и со Барбара Гандолфи од 2008 до 2012 година.[96]
Во 1989 година, Белмондо, кој бил во средината на 50-тите години ја запознал 24-годишната танчерка Нати Тардивел.[5] Двојката живеела заедно повеќе од една деценија пред да се венчаат во 2002 година.[5] На 13 август 2003 година, Тардивел го родила четвртото дете на тогаш 70-годишниот Белмондо, Стела Ева Анџелина.[5] Белмондо и Тардивел се развеле во 2008 година.[5]
Белмондо го поддржувал фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен.[97]
Белмондо починал на 6 септември 2021 година во својот дом во Париз, на 88-годишна возраст.[5] Имал нарушено здравје откако доживеал мозочен удар една деценија пред тоа.[84] На 9 септември во Хотелот на инвалидите се одржал национален помен.[98] Претседателот Емануел Макрон го нарекол Белмондо „национален херој“.[98] Последната мелодија за почит била „ Чи Маи “ од Енио Мориконе (од филмот „Професионалец“ од 1981 година). Следниот ден, 10 септември, се одржал погребот во црквата Сен Жермен-де-Пре во присуство на роднините и семејството. Присутни биле и глумците Ален и Ентони Делон.[99] Неговите останки биле кремирани на гробиштата Пер Лашез, а неговата пепел е погребана заедно со неговиот татко, скулпторот Пол Белмондо, на гробиштата Монпарнас.[100]
Во текот на неговата кариера, тој го нарекувале француски пандан на актери како Џејмс Дин, Марлон Брандо и Хамфри Богарт.[5] На денот на неговата смрт, телевизиските канали во Франција ја смениле програмата за да додадат проекции на неговите филмови, кои привлекле над 6,5 милиони гледачи кумулативно.[101] За неговите изведби како полицаец во многу филмови, од Националната полиција изјавиле дека „Дури и да беше само кино, вие бевте на некој начин еден од нас, господине Белмондо“.[101] Во текот на неговата кариера, бил сметан за влијателен француски актер и често го гледале како лице на францускиот нов бран.[12] Белмондо бил опишан како „фигура“ на францускиот нов бран, со неговите актерски техники кои често изгледале како доловување на стилот и имагинацијата на Франција во 1960-тите.[6] Многу од неговите филмски улоги, особено како Мишел Покард, се сметаат за „легендарни“ и многу влијателни.[102] И покрај неговата неподготвеност да научи англиски, многумина веруваат дека доколку прифател понуди од Холивуд, неговиот успех таму би бил споредлив со оној на француските актери Шарл Бојер или Морис Шевалие.[102] Во некролог за Гардијан, тие го поздравиле Белмондо како „интегрален дел од историјата на француската кинематографија и самата Франција“.[102] Тој бил опишан како „олицетворение на кул“.[103]
Американскиот филмски режисер Квентин Тарантино го наведува Белмондо како влијание и го нарекува „глагол што претставува виталност, харизма, сила на волјата, претставува супер ладнокрвност“.[98] Англискиот режисер Едгар Рајт рекол дека „киното никогаш повеќе нема да биде толку кул“ по смртта на Белмондо.[7] Тој бил опишан како икона на француската кинематографија и влијание врз обликувањето на модерната европска кинематографија.[6]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.