BBC News
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Би-Би-Си Њуз (англиски јазик|BBC News = „Би-Би-Си вести“) е оперативен деловен сектор[1] на BBC одговорeн за собирање и емитување на вести и моменталните случувања. Одделението е светска најголема организација која се занимава со емитување на вести и произвeдува околу 120 часа радио и телевизиски пренос секој ден, а ги покрива вестите и преку интернет.[2][3] Сервисот одржува 44 страни на бироа за вести и има дописници од скоро сите земји. Џејмс Хардинг, некогашен уредник на весникот The Times, е именуван на 16 април 2013 година за директор на Вести и Моменталните случувања.[4]
![]() | Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Годишен буџет на одделението изнесува 350 милиони £; има 3.500 вработени, од кои 2.000 се новинари.[2] Преку каналот BBC Англиски региони, BBC news има регионални центри во цела Англија, како и национални центри за вести во Северна Ирска, Шкотска и Велс. Сите региони и нации произведуваат нивни сопствени програми на локални вести, останати моментални случувања и спортски програми.
Радио и телевизискиот пренос моментално се емитува од ново обновената Куќа за емитување, со сите домашни, светски и онлајн одделенија сместени во најголемата европска просторија за пренос на вести во живо внатре во зградата. Парламентарната покриеност се произведува и емитува од студиото во Милбанк во Лондон.
Во 2004 година, BBC прославил 50 години телевизиски пренос на вести. Новинарите на BBC њуз, камерманите и програмите освоиле награди во текот на годините на известувањето, посебно од Кралското телевизиско друштво. BBC го основал BBC колеџот за журнализам (новинарство) во 2005 година како дел од BBC академијата, пратејќи ги препораките по Хатон извештајот.[5]
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads