Земјоделство во Македонија
стопанска гранка / From Wikipedia, the free encyclopedia
Земјоделство — стопанска дејност во Македонија која (заедно со шумарството и рибарството) учествува со 8,6% во вкупниот БДП на земјата (2020 година).[1] Вкупните земјоделски површини сочинуваат 1⁄2 од територијата на Македонија, при што 1⁄4 се обработливи, а 1⁄4 се пасишта или во бројки вкупната земјоделска површина изнесувала 1.271.400 хектари во просек за 2001-2005 година.[2] Во 2014 година, вредноста на откупот од вкупното земјоделско производство изнесувала над 13,7 милијарди денари или 215 милиони евра.[3]
Во 2022 година, во Македонија имало 515.000 хектари хектари обработлива површина во кои најголемо учество имале ораниците и бавчите (81%), а најмало било учеството на овоштарниците (3,3%).[4] Во 2015 година, во Македонија се обработувало земјоделско земјиште на површина од 315 863 хектари при што најголем дел од парцелите биле мали (58,2% со големина од еден хектар). Од вкупното земјоделско земјиште, дури 75% отпаѓало на ораници, бавчи и куќни градини; ливадите учествувале со 12%; лозјата со 7%; а 5,5% отпаѓало на овоштарници.
Користењето, располагањето, заштитата и пренамената на земјоделското земјиште се регулирани со Законот за земјоделско земјиште.[5]