Интернет-протокол
From Wikipedia, the free encyclopedia
Интернет протокол, крат. ИП (англиски: [Internet Protocol] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help), скр. IP = „семрежен протокол“) — неконекциски ориентиран што значи дека патеката т.е. рутата од изворот до одредиштето не треба да се воспостави пред пакетите (со податоците) да влезат во мрежата. Можно е секој пакет да си има своја различна независна рута од рутата на претходниот пакет кој има иста изворна и дестинациона IP-адреса. IP не гарантира дека пакетите ќе пристигнат во оригиналната секвенца ниту пак дека воопшто ќе пристигнат до нивното одредиште.
Петте нивоа на TCP/IP моделот |
5. Апликациско ниво (Application layer) |
4. Транспортно ниво (Transport layer) |
3. Мрежно ниво (Network layer) |
2. Податочно ниво (Data Link Layer) |
ATM • DTM • Ethernet • FDDI • Frame Relay • GPRS • PPP • ARP • RARP • L2TP • PPTP |
1. Физичко ниво (Physical layer) |
Етернет • ISDN • Модеми • PLC • SONET/SDH • G.709 • Wi-Fi • … |
Засега постојат две верзии на IP протоколот, и тоа: IP верзија 4 (IPv4), која е опишана во RFC 791, и IP version 6 (IPv6), опишана во RFC 1883-1887. Описот на IP ги содржи следниве многу значајни елементи:
- IP ги дефинира основните податочни единици кои можат да се испратат преку Интернет т.е. IP дефинира формат на податочни единици (датаграми) кои се испраќаат;
- IP-програмот ги извршува насочувачките функции врз основа на IP-адресите;
- Фрагментација и составување на датаграмите со цел да се обезбеди пренос на податоци со различни должини;
- IP содржи сет на правила за тоа како хостовите (крајните корисници) и насочувачите да се справат со добиените датаграми, како и кога да се генерираат пораки за грешка и за тоа кога може датаграмите да се отстранат од мрежата.
Развојот на IPv6 главно бил мотивиран од малиот адресен простор во IPv4. Експанзијата на користењето на интернет услугите довела до потреба да се редефинира заглавјето со цел да се овозможи поефикасно насочување и поголем адресен простор (т.е. поголем број IP-адреси).
Интернет Протоколот (IP) е податочно ориентиран протокол кој се користи за пренос на податоци низ поврзани мрежи со користење на технологијата на комутација на пакети.
IP е протокол на мрежно ниво во пакетот на интернет протоколи кој е енкапсулиран во протоколите на податочно ниво (како што е на пример Етернет).
Како протокол на пониско ниво, IP обезбедува сервиси за комуникација помеѓу комјутерите со користење на едниствени адреси.