Исусовото крштевање (слика)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Исусовото крштевање — слика завршена околу 1475 година во ателјето на италијанскиот ренесансен сликар Андреја дел Верокио и генерално му се припишува нему и на неговиот ученик Леонардо да Винчи. Некои историчари на уметност дека можеби и други членови на работилницата на Верокио имале свој придонес при изработката на сликата.
Творец | Андреја дел Верокио и Леонардо да Винчи |
---|---|
Година | 1472–1475 |
Вид | Масло на дрво |
Димензии | 177 см × 151 см |
Место | Уфици, Florence |
Сликата го прикажува Крштевањето на Исус од Јован Крстител како што е запишано во библиските евангелија на Матеј, Марко и Лука. Ангелот лево се смета дека е насликан од младиот Леонардо, факт што возбудува толку многу посебни коментари и митологија, што често се занемарува важноста и вредноста на сликата како целина и во рамките на опусот на Верокио. Современите критичари, исто така, му припишуваат голем дел од пејзажот во позадина на Леонардо.[1] Сликата е сместена во галеријата Уфици во Фиренца.