Куркумин или диферулоил-метан — главeн пигмент на куркумата (Curcuma longa), исто така наречен индиски шафран. Тоа е полифенолен пигмент (куркумоид) кој дава жолта боја (тоа е прехранбената боја E100(i)).

Кратки факти Назнаки, Својства ...
Куркумин
Thumb
Енолски облик
Thumb
Кетоски облик
Thumb
Thumb
Назнаки
458-37-7 Ок
ChEBI CHEBI:3962 Ок
ChEMBL ChEMBL116438 Н
ChemSpider 839564 Ок
IUPHAR/BPS
7000
3Д-модел (Jmol) Слика
KEGG C10443
PubChem 969516
UNII IT942ZTH98 Ок
Својства
Хемиска формула
Моларна маса 0 g mol−1
Изглед Светло жолтопортокалов прашок
Точка на топење
Дополнителни податоци
 Ок(што е ова?)  (провери)
Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa)
Наводи
Затвори

Хемија

Куркуминот е пигмент растворлив во масло и етанол. Тој е исклучително стабилен на топлина и општо може да се користи во производи со различен степен на киселост. Тој е чувствителен на сулфур диоксид на нивоа над 100 ppm и е нестабилен кога е изложен на светлина.

Примена

Боја

Прехрана

Куркуминот во прехраната се применува во подготовка на сладолед, шербети, млечни производи, суви мешавини и одредени видови кондиторски производи. Многу поевтин со помал вкус од шафранот, главно се користи како боја: тоа е бојата за храна E100 - поточно, E100(i), E100(ii) што одговара на куркумата.

Козметика

Во козметиката и фармацевтските производи, куркуминот понекогаш се преименува во CI 75300.

Медицина

Ин витро, куркумин покажува интерферентни својства што може да доведат до грешки при толкувањето на резултатите[1][2].

Некои студии[3][4] спроведени со куркумин сугерираат дека тој помага да се инхибира клеточната пролиферација и ангиогенезата во различни фази во развојот на различни видови на рак. Исто така, има силни антиоксидантни, антиинфламаторни и имуно-модулациски својства[5] [6]. Тој би ја инхибирал цикло-оксигеназата 2, како и факторот на транскрипција NF Kappa B вклучен во воспалителните процеси[7]. Бидејќи куркуминот е целосно нерастворлив во вода, не може да се користи како инфузија.

Сепак, иако куркуминот е тестиран во бројни студии, според Моња Бејкер, тој нема никакви докажани медицински својства[2]. Според мета-анализа од 2017 година на 120 студии, куркуминот не покажал ефикасност во ниту едно клиничко испитување, што ги навело авторите да заклучат дека куркуминот е нестабилно соединение, на кое му недостасува биорасположливост и дека затоа тој не е патот што води до некоја цел[1].

Сите анализирини испитувања што биле направени врз луѓе со куркумин покажале дека кога се користи сам, куркуминот многу брзо се елиминира од телото. Пиперинот (присутен во црниот пипер) може да ги инхибира патиштата на елиминација на куркуминот и на тој начин да ја умножи неговата биорасположливост со фактор 20. Екстрактите од куркума високо концентрирани во куркуминот затоа понекогаш се комбинираат со пиперин за да се подобри биорасположливоста на куркуминот и се нудат како додаток на храна за да придонесат за општа заштита на клетките или во физиолошки ситуации на непријатност во зглобовите.

Комбинација од 3 g куркумин и пиперин е еднаква на консумација од 1 од 10 кг куркума дневно и ги зголемува нивоата на куркумин во крвта до ниво што ја оштетува ДНК клеточната линија на ракот (HepG2) во ин витро анализите, потенцијално играјќи двојна улога и позитивна (самоуништување на клетките на ракот) и негативна (канцероген/оксиданс) во овие многу високи дози[8][9][10].

Меѓутоа, во 2012 година, студиите за куркумин што ги спровел професорот Барат Агарвал, претходно истражувач во Центарот за рак Андерсон, биле оценети како измамнички и отстранети од издавачот[11].

Во клиничкото испитување против рак на дебелото црево, куркуминот во комбинација со стандардниот третман (фолинска киселина/5-флуороурацил/оксалиплатин) го зголемил просечниот животен век за 2,5[12].

Куркуминот е проучуван за многу здравствени проблеми[13].

Заштита од радијација

Студија од 2017 година покажува дека липозомите обложени со куркумин имаат радиозаштитна активност на човечките крвни клетки[14].

Токсичност

Во 2004 година, JECFA, комисија од стручњаци кои работат на додатоци во храната во соработка со СЗО, определила прифатлив дневен внес на куркумин од 0 до 3 mg/kg телесна тежина на ден.

EFSA (European Food Safety Authority) споменува „дека внесот на куркумин во нормалната исхрана би бил помал од 7% од прифатливиот дневен внес“[15].

ANSES утврдил дека поради ризикот од хепатитис, дозата на куркумин обезбедена од додатоците во исхраната мора да остане под 153 мг на ден за возрасен со тежина 60 кг.[16]

Наводи

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.