хемиско соединение From Wikipedia, the free encyclopedia
Литиум хидроксид — неорганско соединение со формула LiOH. Може да постои во безводен или хидриран облик, и обете се бели хигроскопни цврсти супстанции. Растворливи се во вода и мошне лесно растворливи во етанол. Иако се смета за силна база, литиум хидроксидот е најслабиот алклалнометален хидроксид познат за науката.
Назив според МСЧПХ литиум хидроксид | |
Назнаки | |
---|---|
1310-65-2 1310-66-3 (монохидратен) | |
ChEBI | CHEBI:33979 |
ChemSpider | 3802 |
Гмелин |
68415 |
3Д-модел (Jmol) | Слика |
PubChem | 3939 |
RTECS-бр. | OJ6307070 |
| |
UNII | 903YL31JAS G51XLP968G (монохидратен) |
ОН-бр. | 2680 |
Својства | |
Хемиска формула | |
Моларна маса | 0 g mol−1 |
Изглед | хигроскопна бела цврста материја |
Мирис | нема |
Густина |
|
Точка на топење | |
Точка на вриење | |
| |
Растворливост во метанол |
|
Растворливост во етанол |
|
Растворливост во изопропанол |
|
Киселост (pKa) | 14,4[3] |
Конјуг. база | литиуммонокисден анјон |
Магнетна чувствителност (χ) |
−12,3·10−6 см3/мол |
Показател на прекршување (nD) |
|
Диполен момент | 4,754 D[4] |
Термохемија | |
Стандардна моларна ентропија S |
42,8 J/(mol·K) |
Специфичен топлински капацитет, C | 49,6 J/(mol·K) |
Опасност | |
Безбедност при работа: | |
Главни опасности |
разјадлив |
NFPA 704 | |
Температура на запалување | незапалив |
Смртоносна доза или концентрација: | |
LD50 (средна доза) |
210 мг/кг (усно, стаорец)[5] |
Безбедносен лист | „ICSC 0913“. „ICSC 0914“. (монохидратен) |
Слични супстанци | |
Други анјони | литиум амид |
Други катјони |
|
Дополнителни податоци | |
(што е ова?) (провери) Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa) | |
Наводи |
Вообичаената суровина за добиање на литиум хидроксид е минералот сподумен, чија литиумска содржина се изразува во постоток на литиум оксид.
Во индустријата, литиум хидроксидот често се добива од литиум карбонат во реакција на размена (метатеза) со калциум хидроксид:[6]
Првично добиениот хидрат се дехидрира со загревање во вакуум на 180 °C.
Друг начин на добивање е со посредство на литиум сулфат:[7][8]
Главни нуспроизводи се гипс и натриум сулфат, кои имаат ивесна пазарна вредност.
Според „Блумберг“, „Ганфенг Литиум“ (GFL).[9] GFL[10] и „Албемарл“ биле најголемите производители на литиум хидроксид во 2020 г. со околу 25 килотони годишно проследени од „Ливент“ (FMC) и SQM.[9] Капацитетите во поново време се зголемуваат поради сè поголемата употреба на електрични возила.
Погонот на „Албермарл“ во Кемертон, Западна Австралија бил првично предвиден да произведува 100 килотони годишно, но потоа е намален на 50 килотони.[11]
Во 2020 г. погоните на „Тјенќи Литиум“ во Квинана, Западна Австралија биле најголем производител, со капациет од 48 килотони годишно.[12]
Литиум хидроксидот највеќе се троши во производството на катодни материјали за литиумскојонски акумулатори како литиум кобалт оксидот (LiCoO
2) и литиум железо фосфатот. Се претпочита наместо литиум карбонат како претходник за литиумско-никелско-манганско-кобалтни оксиди.[13]
Популарен згуснувач на литиумска маст е литиум 12-хидроксистеаратот, од кој се добиваат општонаменски мазива поради неговата голема водоотпорност и корисност на најразлични температури.
Литиум хидроксидот се користи во прочиститувачите на дишен гас за вселенски летала, подморници и кружечки нуркачки дишалки со цел остранување на јаглерод диоксидот од издишаниот гас произведувајќи литиум карбонат и вода:[14]
или
Второспоменатиот, безводен хидроксид, се претпочита заради помалата маса и помалото производство на вода во дишните системи на вселенските летала. Еден грам безводен литиум хидроксид отстранува 450 см3 јаглерод диоксид во гасен облик. Монохидратот ја ослободува неговата вода на 100–110 °C.
Литиум хидроксидот, заедно со литиум карбонатот, се клучни меѓупроизводи во добивањето на други литиумски соединенија, како што може да се види од неговата примена во добивањето на литиум флуорид:[6]
Супстанцијата се користи и во изработкат ана керамика и некои видови портландски цемент каде се користи како сузбивач на алкално-силициумдиоксидната реакција (бетонски рак).[15]
Литиум хидроксидот (изотопно збогатен во литиум-7) се користи за алкализација на реакторските разладувачи во водопритисочни реактори со цел да се спречи корозија.[16] Исто така е обар штитник од зрачење од слободни неутрони.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.