Луј Саа
француски фудбалер / From Wikipedia, the free encyclopedia
Луј Лорен Саа (француски: Louis Laurent Saha; р. 8 август 1978 во Париз), е поранешен француски фудбалер со потекло од Гваделуп, кој играл на позицијата напаѓач.
Луј Саа | |||
---|---|---|---|
Саа во 2015 година | |||
Лични податоци | |||
Роден на | 8 август 1978(1978-08-08) (45 г.) | ||
Роден во | Париз, Франција | ||
Држава | Франција | ||
Висина | &100000000000001830000001,83 м | ||
Играчки податоци | |||
Позиција | напаѓач | ||
Повлекување | 8 август 2013 (35 години) | ||
Младинска кариера | |||
Мец | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1998–2000 | Мец | 47 | (5) |
1999 | → Њукасл Јунајтед | 11 | (1) |
2000–2004 | Фулам | 117 | (53) |
2004-2008 | Манчестер Јунајтед | 86 | (28) |
2008-2012 | Евертон | 97 | (27) |
2012 | Тотенхем | 10 | (3) |
2012-2013 | Сандерленд | 11 | (0) |
2013 | Лацио | 6 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2004-2012 | Франција | 20 | (4) |
† Учества (Голови). |
Тој бил поранешен ученик во Академијата Клерефонтејн, а својата професионална кариера ја започнал во Мец пред да оди на позајмица во Њукасл Јунајтед. Пред почетокот на сезоната 2000-2001, Саа се преселил во Фулам каде што се потврдил како прв избор во нападот, помагајќи им да се здобијат со промоција во Премиер лигата во неговата прва сезона во клубот.
Со неговите одлични настапи го свртел вниманието на Манчестер Јунајтед, кои на крајот и го довел Саа во својте редови за сума од околу 12.400.000 £, во средина на сезоната 2003-2004. Саа се соочувал со многу повреди за време на неговиот престој на Олд Трафорд, но тој уживаше во успехот при освојувањето на Премиер лигата во два наврати, Лигата на шампионите во сезоната 2007-2008 и, исто така, постигнал шест гола на патот кон победата во Лига купот, вклучувајќи и еден гол во финалето.
По четири и пол години во Јунајтед, Саа се преселил во Евертон, каде што ќе остане запаметен по најбрзо постигнатиот гол во историјата на ФА Купот по само 25 секунди игра. По кратки период во Сандерленд и Лацио, Саа заминал во пензија во август 2013.
Своето деби за француската репрезентација го направил во 2004 година во победата со 2-0 над Белгија. Тој ја претставувал Франција на Европското првенство 2004 и на Светското првенство 2006 кога французите стигнале до финалето на Светското првенство, меѓутоа Саа бил суспендиран за финалето против Италија заради добивање на жолт картон против Португалија во полуфиналето.