Метафорична архитектура
From Wikipedia, the free encyclopedia
Метафоричката архитектура ― архитектонско движење кое се развило во Европа во средината на 20 век.[1]
Некои го сметаат за само аспект на послемодернизмот, додека други го сметаат за школа сама по себе и подоцнежен развој на експресионистичката архитектура.[2]
Стилот се одликува со употреба на аналогија и метафора како главно вдаховение и директива за дизајн. Добро познати примери за ова може да се најдат во Палмската џамија на Универзитетот „Крал Сауд“ во Ријад од Басил Ал Бајати, врз основа на обликот на палма,[3] Лотускиот храм во Њу Делхи, од Фариборз Сахба, врз основа на цвет на лотос,[4] зградата на Центарот за летање на TWA во Њујорк, од Еро Саринен, инспирирана од обликот на птичјо крило,[5] или Сиднејската опера, во Австралија, од Јерн Уцон што е изведена од едрата на бродови во пристаништето.[6]
Одредени архитекти, исто така, се познати по тоа што ги користат метафорите како тема во текот на нивната работа, како што се Ле Корбизје и мотивот со отворена рака. Ова за него било знак за „мир и помирување. Отворено е за давање и отворено за примање.[7]
Можеби најистакнатиот глас на Метафоричното архитектонско училиште во моментов е д-р Басил Ал Бајати чии дизајни се вдахнати од дрвја и растенија, полжави, китови, инсекти, дервиши, па дури и митови и книжевност.[8] Тој е исто така основач на Меѓународната школа за метафорична архитектура во Малага, Шпанија.[9]