Палми
семејство растенија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Палми (науч. Arecaceae или Palmae) — семејство на скриеносемени растенија, единствената во монокотиледонскиот ред на палмовидните (Arecales). Постојат околу 202 рода палми со приближно 2600 видови и претежно виреат во тропските, суптропските и топлите умерени климатски појаси. Највеќето имаат големи сложени зелени листови распоредени во крошна врз стебло без гранки. Меѓутоа постојат многу палми кои се поинакви, што е впрочем одраз на огромната физичка разноликост кај палмите. Покрај морфолошката разновидност, палмите се среќаваат во речиси сите видови на живеалишта, од дождовни шуми, па сè до пустини.
Палми Период: доцна креда – денес | |
---|---|
Кокосова палма (Cocos nucifera) | |
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Растенија |
клад: | Скриеносеменици |
клад: | Монокотиледони |
клад: | Комелиниди |
Ред: | Палмовидни |
Семејство: | Палми Bercht. & J.Presl, nom. cons.[1] |
Типски род | |
Areca | |
Потсемејства | |
| |
Синоними | |
|
Палмите се една од најпознатите и најодгледуваните растителни фамилии. Од нив се добиваат разни производи и прехранбени артикли, а се ценат и поради нивната вредност како украсни растенија во надворешното уредување. Кај разни култури палмите симболизираат идеали како победа, мир и плодност, а денес претставуваат и мошне популарен симбол на тропскиот туризам.[2]