Морска милја
единица за растојание, еднаква на 1852 метри / From Wikipedia, the free encyclopedia
Морска милја или наутичка милја (симбол: M; исто така: NM, nm или nmi) — единица за должина која изнесува околу една лачна минута географска должина долж некој меридијан, но приближно една лачна минута географска должина само на екваторот. По меѓународен договор, една морска милја изнесува точно 1 852 метри.
Единицата не му припаѓа на SI-системот, но е прифатена за употреба со неговите единици. Наоѓа особена примена во морската шпедиција и воздухопловството,[1] но и во поларните експедиции. Застапена е во меѓународното право и меѓународните договори, особено во однос на границите на територијалните води на државите. Морската милја потекнува од копнената милја и е сродна на неа.
Морската милја се користи од морепловците и авијатичарите ширум светот бидејќи е згодна при работа со карти. Највеќето карти се изработени со Меркаторовата проекција, чиј размер варира за фактор од 6 од екваторот до 80° СГШ и ЈГШ. Затоа не е можно да се приложи една иста скала кај размери помали од 1:80.000.[2] Бидејќи во практичното морепловство и воздухопловство, морската милја е еднаква на една минута геог. ширина, растојанието на картите лесно се мери со поделба, користејќи ја скалата за ГШ.