Папагаловидни
род на птици / From Wikipedia, the free encyclopedia
Папагали (науч. Psittaciformes) — птици од приближно 398 вида[2] во 92 рода кои најчесто се најдени во тропските и суптропските предели. Редот е поделен на три натсемејства: Psittacoidea (вистински папагали), Cacatuoidea (какадуа) и Strigopoidea (новозеландски папагали). Една третина од сите видови папагали се загрозени, со поголем ризик од која било друга споредлива група на птици.[3] Папагалите имаат генерално пантропска дистрибуција со неколку видови кои живеат во умерени региони на јужната полутопка. Најголема разновидност на папагали има во Јужна Америка и Австралија.
Папагали Период: ран еоцен[1] – денес | |
---|---|
Сино-жолта ара во лет | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Инфракласа: | Нововилични |
Надред: | Нови птици |
Ред: | Папагали Wagler, 1830 |
Натсемејства | |
новозеландски папагали (Strigopoidea) | |
Распространетост на папагалите, сите видови (црвено) |
Главни одлики на папагалот се силен и закривен клун, исправен став, силни нозе и нокти со зигодактилни стапала (два прста поставени нанапред и два наназад). Многу папагали имаат разни шари и бои. Повеќето папагали покажуваат малку или воопшто немаат сексуален диморфизам. Најважните компоненти на исхраната на повеќето папагали се семе, ореви, овошје, цветни пупки и друг растителен материјал. Неколку видови понекогаш јадат животни и мрши, додека други се специјализирани за исхрана со цветен нектар и меки плодови. Скоро сите папагали се гнездат во шупливи делови од дрва, и несат бели јајца од кои се изведуваат беспомошни млади.
Папагалите, заедно со гаврани, врани, сојки и страчки, се едни од најинтелигентните птици, а способноста на некои видови да го имитираат човечкиот говор ја зголемува нивната популарност како домашни миленици.