Северна небесна полутопка
северната половина од небесната сфера / From Wikipedia, the free encyclopedia
Северна небесна полутопка или северно небо — северната полутопка на небесната сфера, односнo подрачјето кое лежи северно од небесниот екватор. За оваа произволна сфера велиме дека се врти во западен правец околу поларната оска поради вртењето на Земјата.
Целото северно небо е видливо од географскиот Северен Пол во секое време, и станува помалку видливо како што набљудувачот оди појужно. Јужниот истоветник на оваа полутопка е јужната небесна полутопка.