Сент Агнес (на корнски - Aganas) е најјужниот населен остров на Островите Сили, а местото Трој Таун Фарм на островот е најјужната населба во Обединетото кралство.

Кратки факти Население, Мреж. реф. ...
Сент Агнес
корнски: Aganas
Thumb
Мапа на Сент Агнес со Гаг на исток
Население 82 (2011)
Мреж. реф. SV881430
Месност Сент Агнес
Унитарна управа Острови Сили
Церемонијална грофовија Корнвол
Регион
Земја Англија
Суверена држава Обединето Кралство
Пошт. град Острови Сили
Поштенска област TR22
Повикувачки број 01720
Полиција  
Пожарна  
Итна помош  
ЕУ парламент
Брит. парламент St Ives
Список на места: ОК  Англија 
Затвори

Опис

Thumb
Песочен премин од Сент Агнес до Гаг

Сент Агнес се спојува со островот Гаг со томболо вид на песочен премин наречен Гаг бар кој постои само при осека. Островот Гаг е населен само со тројца жители. И двата острови имаат вкупно 85 жители запишани во пописот од 2011 година (во пописот од 2001 г. биле 73 жители). Површината на островот изнесува 366 акри. Без Гаг островот Сент Агнес е помал од Бриер и по површина и по број на жители, а заедно со Гаг состојбата е обратна, Бриер е тогаш помал и по површина и по број на жители.

Порано мажите од Сент Агнес заработувале главно како кормилари на трансатланските бродски линии или на други бродови кои поминувале низ Англискиот канал (Ламанш). Денес главно занимање на островот е туризам и садење на луковичести цвеќиња. Сместувачките капацитети се ограничени, а Сент Агнес е единственото населено острово од Островите Сили кое нема хотел. Но постојат викендици, сместувања на основа на полупансион (B & B), камп, продавница за сладолед, мала пошта, продавница за намирници и продавница за поклони. Постои и паб (Туркс Хед) и кафич, но тие се затворени во зимскиот период.

Северниот и средниот дел од островот се најнаселени, додека јужниот крај (Винглентан Даун) е вресиште покриено со растението врес (Calluna vulgaris).

Светилник

Најпознати знаменитости на островот се светилниците кои се претворени во живеалишта, а на врвот на кулата нема повеќе осветлување. Во 1680 година приватната корпорација, Тринити хаус започнала истражување на бреговите на Англија, бидејќи дотогашните мапи не биле точни, а Островите Сили биле вцртани 10 милји посеверно. Истата корпорација добила дозвола да изгради светилници на островите и да ги одржува. Островот Сент Агнес бил избран како најзападен од населените Островите Сили, поради близина на бројни гребени денес познати како Западни карпи,[1] и поради високиот прилив и морските струи во овој регион. Во 1680 година бил изграден светилник, кој во почетокот осветлувал со горење на јаглен до 1790 година, кога осветлување поминало на нафта, со бакарни светилки и 21 рефлектор. Постои нацрт на оригиналната конструкација на капетаните Хју Хил и Симон Бејли кои биле градители на светилникот Лоустофт во 1676 година. Имало два протести поради изградбата на светилникот на островот Сент Агнес. Официјалните лица од островот Вајт се жалеле, дека би го изгубиле приходот од пристаништата, бидејќи бродовите би го претпочитале превозот преку Островите Сили, а гувернерот на Островите Сили пак се жалел, бидејќи поради зголемениот бродски превоз би имало повеќе бродоломи, што би било причина и за поголеми трошкови.[1]

Thumb
Светилникот од 1680 година
Thumb
Туркс Хед - единствениот паб на Сент Агнес
Thumb
Карпеста формација на југозападниот крај на Сент Агнес, која личи на слон
Thumb
Периглис Котиџ, домот на Хилда М Квик

Светилникот на Сент Агнес бил второ изграден на западните делови од Островите Сили, по светилникот Лизард кој бил изграден во 1619 година. Светилникот е поставен 74‘ над земјата и 138‘ над средно високо ниво на морето. Во 1911 година овој светилник бил заменет со светилникот Пенини, така да стариот на Сент Агнес, денес служи како дневен светилник за бродовите. Светилникот Пенини е 17 метри висока кула од челична, црно бела, решеткаста конструкција, која се наоѓа на јужниот крај од островот Сент Мери. Опсегот на освелување бил намален од 17 на 9 наутички милји а светлосниот извор денес е LED.[2]

Други обележја

Од другите обележја на островот постои ортостат наречен Нагс Хед, што е висок, камен блок, кој е веројатно природна формација. Се претпоставува дека на овој остров биле погребани и бродоломниците од најголемиот бродолом во англиската историја, кој се случил во 1707 година и кога загинале околу 2000 морнари.[3]

Трој Таун лавиринт

За Трој Таун лавиринтот се вели дека бил направен од синот на светилничарот во 1729 година, иако се претпоставува дека е и постар. Иако се нарекува лавиринт, тој е всушност извиткана кружна патека, која води до центарот преку девет кружни прстени. Оваа градба, освен тие во Скандинавија, е уникатна и изградена е од округи камења од плажата, и може да биде од викиншко потекло. Записите од нордиските саги кажувааат дека на Островите Сили доаѓале ограбувачи во втората половина на 12-от век. При неофицијалната обнова на овој објект во 1988 година можеби се уништени евентуалните докази за неговото потекло.[4]

Црква

На островот постои истоимена црква Сент Агнес.

Спорт и општествени настани

Во летниот период (од крајот на април до октомври), секој петок навечер има бродски трки – Корниш Пилот Гиг со машка екипа, а во среда трките се со женска екипа. Обично по трките, следи собирање во локалниот паб. Пабот е отворен секој ден за време на летната сезона, а во тек на зима работи само во среда за квизот и плус уште една вечер.

Познати жители

Периглис котиџ била дом на орнитологот Хилда Квик која била и жител на Сент Агнес. Таа е и автор на книгата „Птиците на Островите Сили“ печатена 1964 година.

Образование

Thumb
Сент Агнес

На островот постои основно образование кое е дел од Академијата на петте острови на Островите Сили (порано се нарекувало Училиште на петте острови).[5] Учениците од средно образование се школуваат на островот Сент Мери каде и престојуваат за време на работните денови сместени во интернат, а дома се враќааат за време на викендот.[6]

Студентите се школуваат на универзитетите на копното во Велика Британија.[7]

Екологија и природа на островот

Повеќе од една третина од островот Сент Агнес е прогласена за заштитена зона според SSSI (англ. Sites of Special Scientific Interest). Јужниот дел од островот Винглентанг Даун е познат по своите вресишта – пустарски предел обраснат со вресови, со степски, суви, тревнати површини и карпесто крајбрежје. Овој предел е единственото место во Велика Британија каде расте посебна врста на папрат (Ophioglossum lusitanicum). Други ретки растенија се орхидејата (Spiranthes spiralis) и раната ливадска трева (Poa infirma). Во северниот дел од островот се наоѓаат Големиот и Мал базен, единствените базени со слатка вода на островот, кои се исто така вбројани во заштитена зона според SSSI. На Големиот базен се забележуваат докази дека бил полавен[8] од цунамито, предизвикано од големиот земјотрес во Лисабон во 1775 година. Растителноста на островот е под влијание на зголемена соленост, посебно при поголемите морски приливи во зимскиот период. Затоа овде можат да виреат специфични растенија, приспособени на посолен терен како што се Juncus gerardi и Scirpus maritimus. На околните тревнати површини, кои се и игралишта за крикет, растат повеќе видови детелини: Trifolium occidentale, T. suffocatum, и T. subterraneum.

Птици преселници

Сент Агнес е посетен од страна на набљудувачи на птици, особено за време на т.н „Сили сезона “ која трае септември и октомври и кога доаѓаат птиците преселници. Меѓу бројните птици преселници кои се наоѓаат тука, во овој период, а кои за првпат се видени во Велика Британија се следниве:

  • Parkesia noveboracensis најдена на Сент Агнес во делот наречен Ковеан на 30 септември 1958 година и останала до 12 октомври 1958 година.[9]
  • Dolichonyx oryzivorus во близина на Големиот Базен на 19 септември 1962 година.[10]
  • Setophaga striata откриена во Персонаж градината на 12 октомври 1968 година и останала на островот до 25 октомври 1968 година.[11]
  • Wilsonia citrina во Голем Базен од 21 септември 1972 година до 23 септември.[12]
  • Charadrius semipalmatus за првпат најдена во Порт Килиер на 9 октомври 1978 година и останала до 9 ноември 1978 година.[13]
  • Setophaga magnolia во Барнаби Лејн на 27 и 28 септември 1981 година.[14]
  • Планинскиот свиркач (Phylloscopus orientalis) во 1987 година.
  • Hylocichla mustelina во Винглентан Даун на 7 октомври 1987 година.[15]
  • Орел-змијар (Circaetus gallicus) во 1999 година.

во прилог

  • Emberiza chrysophrys во 1994 година
  • Cursorius cursor во 2004 година за првпат видена во Британија по 20 години.[16]

Меѓу ретки птици преселници видени во други периоди од годината се следниве:

  • Merops superciliosus на 22 јуни 1951 година; прва за Велика Британија.[17]
  • Велика Британија е петтото, а на Островите Сили првото црвеноглаво свраче (Lanius senator badius) во Трој Таун од 21-27 април 1999 година. (Прифатена од страна на BBRC).[18]
  • Мала дропла Tetrax tetrax во март 2002 година.
  • Charadrius vociferus во ноември 2003 година.

Граѓанска епархија и избирачко место

Thumb
Островите Сили, каде граѓанската парохија и избирачкото место Сент Агнес е прикажан во црвено.

Сент Агнес е една од петте граѓански епархии на Островите Сили, во кои се вклучени и Гаг и неколку ненаселени острови и карпи, вклучувајќи го и Западните Карпи, Анет, Роузвеар, Педнтис Хед (најјужната точка во Велика Британија) и Бишоп Рок. Од Сент Агнес се избираат двајца советници за советот на Острови на Сили. Граѓанската епархија не е функционална денес.

Поврзано

  • Список на потонати бродови на Островите Сили
  • Список на крајни точки на Обединетото Кралство

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.