Силван Видмер (роден во Арау, 5 март 1993) — швајцарски фудбалер, десен бек на Базел и на швајцарската репрезентација.

[1]

Кратки факти Силван Видмер, Лични податоци ...
Швајцарија Силван Видмер
Лични податоци
Роден на 5 март 1993(1993-03-05)(31 г.)
Роден во Арау, Швајцарија
Висина &100000000000001820000001,82 м
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Базел Базел
Број 5
Младинска кариера
Арау Арау
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2011–2012 Арау Арау 29 (3)
2012-2013 Гранада Гранада 0 (0)
2012–2013Арау Арау 34 (8)
2013-2018 Удинезе Удинезе 131 (5)
2018- Базел Базел 10 (0)
Репрезентација
2010-2011 Швајцарија Швајцарија 18 8 (1)
2012 Швајцарија Швајцарија 19 8 (3)
2012 Швајцарија Швајцарија 21 17 (1)
2014- Швајцарија Швајцарија 21 9 (0)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010
Затвори

Технички одлики

Агилен играч, кој има добар удар со глава, солидни физички предиспозиции, одлично чувство за заземање добра позиција на теренот и може да игра во сите улоги по десната страна; во одбрана со четворица и како бек/крило во 3-5-2 формација.[2]

Клупска кариера

Својте фудбалски почетоци Видмер ги направил во екипата на Виренлос, каде тренирал шест години пред да се префрли во екипата на Баден во 2007 година. Во 2008 година, бил купен од страна на Арау, фудбалски клуб, од неговиот роден град. Во сезоната 2010-11, одиграл 9 натпревари за вториот тим на Арау, а во летните подготовки за новата сезона бил промововиран во првиот тим и му бил доделен дресот со број 4. Своето професионално деби го направил на 23 јули 2011, во победата на гости над Винтертур во Швајцарската Челенџ лига.[3]. Својот прв погодок во кариерата го постигнал на 21 ноември, во ремито 2-2 против Санкт Гален на домашен терен. Својата прва сезона во дресот на Арау ја завршил со 29 првенствени настапи и 3 гола.

На 8 април 2012 година потпишал за Гранада, шпански клуб во сопственост на Џампаоло Поцо (инаку сопственик и на италијанскиот прволигаш Удинезе), но сезоната ја поминал на заем во Арау, каде бил одличен постигнувајќи 8 гола во 34 настапи.

Пред почетокот на следната сезона, Гранада решила да му го продаде Видмер на Удинезе за сума од 750.000 .[4][5] Клубот му го доделил дресот со број 27, кој претходно со голем успех го носел колумбиецот Пабло Армеро. Тој дебитирал за Удинезе на 1 август 2013 година во натпревар од квалификациите за Лига Европа против Широки Бријег кој Удинезе го добил со 3-1 во Босна. На 24 ноември 2013 дебитирал во Серија А, влегувајќи од клупата во натпреварот против Фјорентина. На 9 јануари 2014 година го имал своето деби во италијанскиот куп играјќи ги сите 90 минути во вториот круг; Удинезе - Интер (1-0).

Својот прв гол за Удинезе го постигнал на 2 ноември 2014, во поразот со 2-4 на домашен терен од Џенова. Голот го постигнал со низок, прецизен удар во спротивниот агол, по одличното додавање на Антонио Ди Натале.

Репрезентативна кариера

Дебитирал за швајцарската репрезентација под 18 години во 2010 година, а откако запишал 8 натпревари на кој постигнал еден гол, во 2011 година бил повикан во репрезентацијата под 19 години.

29 февруари 2012 година го направил своето деби во репрезентацијата под 21 година, играјќи како стартер против врсниците од Австрија.[6]

Клупска статистика

Повеќе информации Сезона, Клуб ...
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2011-2012Швајцарија АрауЧЛ29+2[7]3+0[7]КШ10------323
2012-2013ЧЛ348КШ20------368
Вкупно Арау63+211+030----6811
2013-2014Италија УдиинезеА160КИ20ЛЕ10---190
2014-2015А111КИ10------121
Вкупно во кариерата90+21260109912
Затвори

Надворешни врски

Наводи

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.