Старогрчка книжевност
From Wikipedia, the free encyclopedia
Старогрчката книжевност се однесува на книжевноста напишана на старогрчки грчки јазик, од најстарите текстови до подемот на Византиското Царство. Најстарите сочувани дела на старогрчката литература се две епски песни Илијада и Одисеја. Овие два епа, заедно со Хомеровите химни и две поеми на Хесиод, Теогонија и Дела и дни, ја сочинуваат основата на старогрчката книжевна традиција.
Книжевност |
---|
Основни облици |
Родови |
Епика · Лирика · Драма |
Извори |
Форми |
Историја и списоци |
Општ преглед на книжевноста |
Дискусија |
Лирските поети Сафо, Алкеј и Пиндар биле мошне влијателни во текот на раниот развој на грчката поетска традиција. Есхил е најстариот грчки трагичар чии драми се сочувани до денес. Софокле е познат по неговите трагедии за Едип, особено Кралот Едип и Антигона. Еврипид е познат по своите драми со кои често ги турка границите на трагичниот жанр. Комедиографот Аристофан пишувал во жанрот на Старата комедија, додека подоцна драматургот Менандар бил зачетникот на Новата комедија.
Историчарите Херодот од Халикарнас и Тукидид, кои и двајцата живееле за време на 5 век п.н.е, ги запишале настаните кои се случиле непосредно пред и за време на нивниот живот. Филозофот Платон напишал дијалози, обично фокусирани околу неговиот учител Сократ, кои се занимаваат со различни филозофски теми, додека пак, неговиот ученик Аристотел напишал бројни трактати, кои подоцна станале многу влијателни.
Подоцнежни важни писатели се Аполониј од Родос, кој го напишал Аргонаутика, епска песна за патувањето на Аргонаутите, Архимед, кој напишал математички трактати, и Плутарх, кој главно пишувал биографии и есеи. Писателот од вториот век Лукијан бил хеленизиран Сириец, кој главно пишувал сатири.
Старогрчката литература имала големо влијание врз подоцнежната грчката литература а воедно и на цела западната книжевност. Многу римски автори црпеле инспирација од нивните грчки претходници. Уште од ренесансата, европските автори, вклучително Данте Алигиери, Вилијам Шекспир, Џон Милтон, и Џејмс Џојс, своите теми и мотиви ги црпеле од старогрчката книжевност.