Студенчишка базилика
археолошко наоѓалиште во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Св. Ѓорѓи — археолошко наоѓалиште во населбата Студенчишта, Охрид. Претставува базилика и некропола од старохристијанско време[1].
„Св. Ѓорѓи“ | |
Остатоци од базиликата | |
Местоположба | 41°06′19″N 20°49′00″E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Охрид |
Општина | Охрид |
Тип |
|
Период | старохристијанско време |
Портал „Археологија“ |
Базиликата е откриена во 1954 година, поставена на падините на Петринска Планина, 3 км источно од античкиот Лихнид и во непосредна близинана Билјанини Извори. Лежи лево од патот Охрид - Св. Наум [2] Има димензии од 29 × 73,5 м. Со прекини истражувања се вршени сè до 1971 година. Таа е трикорабна, со нартекс, двоен атриум, бочни анекси, катехуменеум и крстилница. Некрополата е сместена јужно од базиликата и има гробови од камени конструкции.[2]
Користејќи го теренот, сите простории се каскадно поставувани од исток кон запад. Од декоративна пластика се откриени фрагменти од олтарната преграда. Наосот, нартексот и катехуменеумот се покриени со стилизирани геометриско-цветни елементи и животински претстави со евхаристично значење. Бочните кораби, северниот анекс и крстилницата се покриени со керамички плочи. Според декоративната пластика и мозаичната декорација, базиликата е датирана кон крајот на V или на почетокот на VI век. Истражувањата ги вршеле Васил Лахтов, Вера Битракова и Владо Маленко.[3]