Сулфурна киселина
хемиско соединение / From Wikipedia, the free encyclopedia
Сулфурна киселина ― високо корозивна силна минерална киселина со молекулска формула H2SO4. Таа претставува остра-етерична, безбојна до малку жолта вискозна течност која е растворлива во вода во сите концентрации.[4] Понекогаш, тоа е обоена темнокафеава во текот на производството за да се алармираат луѓето на опасност.[5] Историското име на оваа киселина е „масло од камен“.[6]
| |||
Назив според МСЧПХ Сулфурна киселина | |||
Други називи Витриолно масло | |||
Назнаки | |||
---|---|---|---|
7664-93-9 Ок | |||
ChEBI | CHEBI:26836 Ок | ||
ChEMBL | ChEMBL572964 Ок | ||
ChemSpider | 1086 Ок | ||
EC-број | 231-639-5 | ||
3Д-модел (Jmol) | Слика | ||
KEGG | D05963 Ок | ||
RTECS-бр. | WS5600000 | ||
| |||
UNII | O40UQP6WCF Ок | ||
ОН-бр. | 1830 | ||
Својства | |||
Хемиска формула | |||
Моларна маса | 0 g mol−1 | ||
Изглед | Проѕирна, безбојна течност без мирис | ||
Густина | 1.84 г/цм3, течна | ||
Точка на топење | |||
Точка на вриење | |||
се меша | |||
Парен притисок | 0.001 mmHg (20°C)[1] | ||
Киселост (pKa) | −3, 1.99 | ||
Вискозност | 26.7 cP (20 °C) | ||
Термохемија | |||
Ст. енталпија на формирање ΔfH |
−814 kJ·mol−1[2] | ||
Стандардна моларна ентропија S |
157 J·mol−1·K−1[2] | ||
Опасност | |||
GHS-ознаки: | |||
Пиктограми |
|||
Сигнални зборови |
Опасност | ||
Изјави за опасност |
H314 | ||
Изјави за претпазливост |
P260, P264, P280, P301+P330+P331, P303+P361+P353, P304+P340, P305+P351+P338, P310, P321, P363, P405, P501 | ||
NFPA 704 | |||
Температура на запалување | {{{value}}} | ||
Гранична допуштена концентрација (TLV) |
15 mg/м3 (IDLH), 1 mg/м3 (TWA), 2 mg/м3 (STEL) | ||
Смртоносна доза или концентрација: | |||
LD50 (средна доза) |
2140 mg/kg (rat, oral)[3] | ||
LC50 (средна концентрација) |
50 mg/м3(guinea pig, 8 hr) 510 mg/м3(rat, 2 hr) 320 mg/м3(mouse, 2 hr) 18 mg/м3(guinea pig)[3] | ||
NIOSH (здравствени граници во САД): | |||
PEL (дозволива) |
TWA 1 mg/м3[1] | ||
REL (препорачана) |
TWA 1 mg/м3[1] | ||
IDLH (непосредна опасност) |
15 mg/м3[1] | ||
Слични супстанци | |||
Слични силни киселини | Селенова киселина Солна киселина Азотна киселина Хромна киселина | ||
Слични супстанци | Сулфуреста киселина Пероксимоносулфурна киселина Сулфур триоксид Олеум | ||
Дополнителни податоци | |||
Ок(што е ова?) (провери) Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa) | |||
Наводи |
Сулфурната киселина е дипротонска киселина и покажува различни својства во зависност од концентрацијата. Предизвикува корозија на многу материјали, како метали, животински ткива дури и на камен, главно е со силно кисела одлика доколку е концентрирана, има дехидратациски и оксидациски својства. Сулфурната киселина со висока концентрација може да предизвика многу тешки оштетувања преку директен допир, и тоа хемиски изгореници преку хидролиза, но исто така и среднотоплински изгореници преку дехидратација.[7][8] Тоа може да води до трајно слепило ако се распрсне кон очите и иреверзибилни оштетувања доколку се проголта.[7] Според тоа, безбедносните мерки на претпазливост треба строго да се почитуваат при работа со неа. Покрај тоа, таа е хигроскопна, лесно впива водена пареа од воздухот.[4]