From Wikipedia, the free encyclopedia
Тети, познат и како Отоес, понекогаш и Тата или Атат во застарени извори, бил првиот фараон од Шестата династија на Египет. Тој е погребан во Сакара. Точната должина на неговото владеење била уништена на кралскиот список од Торино, но се верува дека била околу 12 години.
Тети | |
---|---|
Систрум со испишано името на Тети. | |
Фараон на Египет | |
Владеел | 2345 - 2333 г. п.н.е., Шеста египетска династија |
Претходник | Унас |
Наследник | Усеркаре |
Сопружници | Ипут I, Куит, Кенткаус IV |
Деца | Пепи I Тетианкем |
Закопан | Тетиева пирамида |
Тети имал неколку жени, и повеќе деца. Бил татко на најмалку три сина и најверојатно десет ќерки.[1]
Според Н. Канавати, Тети имал најмалку девет ќерки, од голем број жени, и фактот дека тие биле именувани по неговата мајка, Сешешет, им овозможува на истражувачите да го пронајдат неговото семејство. Најмалку три принцези со име Сешешет се означени како „најстара ќерка на кралот“, што значи дека имало најмалку три различни кралици.
Друга можна ќерка е принцезата Инти.[2]
За време на владеењето на Тети, високите функционери почнувале да градат погребни споменици налик на оние на фараоните. Неговиот везир, Мерерука, изградил мастаба во Сакара, која се состоела од 33 богато изрезбани соби, најголема позната гробница за еден египетски благородник.[3]
Манетон запишал дека Тети бил убиен од неговите телохранители во палатата во харемски заговор, но можеби бил убиен од страна на узурпаторот Усеркаре. Бил погребан во кралската некропола во Сакара. Неговиот пирамидален комплекс е поврзан со мастаби на официјални лица од неговото владеење.
Мајка на Тети била кралицата Сешешет, која била адут за влез на нејзиниот син на престолот и помирување на две завојувани фракции на кралското семејство.[4] Сешешет живеела меѓу 2323 п.н.е. до 2291 п.н.е. Главниот археолог на Египет, Захи Хавас, генерален секретар на Врховниот совет за антиквитети, на 11 ноември 2008 година објавил дека била погребана во пирамида висока 5 метри во Сакара, стара 4.300 години. Ова е 118-та пирамида откриена досега во Египет. Најголем дел од широката обвивка од 2 метри била изградена со надградба висока 5 метри. Таа првично достигнала 14 метри, со долгжина од 22 метри.[5][6]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.