Свети Архангел Михаил — главната и единствена манастриска црква во Варошкиот Манастир. Се наоѓа во подножјето на Маркови кули, во населбата Варош, непосредно до Прилеп.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Св. Архангел Михаил

Поглед кон црквата

македонска православна црква
ЕпархијаПреспанско-пелагониска
Архијерејско намесништвоПрилепско
Местоположба

МестоВарош
ОпштинаПрилеп
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителАрхангел Михаил
Изградба10-14 век
Завршено19 век
Ктиторвладетел Јован (13 век)
Архитектонски опис
Затвори

Историја

Легендата за потеклото на манастирот започнува во X век, кога некој непознат ученик на св. Климент Охридски се населил во некоја од карпите каде што водел осаменички живот. Денес, неговото име не е познато, но во прилог на легендата зборува фактот што местото каде што се наоѓа манастирот се вика кај Светецот. Црквата е изградена на старо култно место за што сведочат античките мермерни столбови кои се употребени во нејзината изградба. На едниот од нив е исклесан стар натпис со кирилично писмо од 996 година кој е втор најстар кириличен натпис пронајден во Македонија.

Меѓу XI век и XIII век, црквата била повеќепати градена и разурнувана. Од тој период, постои трага само од северниот ѕид на црквата каде сè уште постојат делови од фрески од XII век. Исто така, од тоа време останале и фреските во подземјето на црквата кои образуваат тунел. Кон крајот на XIII век, големиот хартулариј Јован повторно ја изградил црквата и ја посветил на св. Архангел Михаил. Имајќи предвид дека од претходната црква останал само мал дел, може да се заклучи дека црквата во целост е ктиторско дело на владетелот Јован. За тоа сведочи и фреската на западната страна на црквата на која Јован е претставен како ктитор кој во рацете го држи моделот на црквата. Притоа, тој е насликан како великосхиник, а натписот кажува дека тој се замонашил во манастирот. Подоцна, прилепските владетели Волкашин и Крале Марко ја обновиле црквата за што сведочат двете фрески на влезот на кои се претставени двајцата владетели.[1]

Денешниот изглед на црквата, со исклучок на западниот дел, ги носи сите одлики од последната преправка која е извршена во 1861 година. Архитектонски решена, тоа е еднократна градба. На источната страна е полукружна апсида, а на западната е отворен трем над кој се издига камбенаријата. На јужната фасада од западниот дел на црквата, зачуван е само еден од оригиналните прозорци кој се наоѓа во горниот дел. Останатите прозори на јужната страна и северната фасада на источниот дел од црквата се изградени 1861 година, при последната поправка. Црквата Св. Архангел Михаил во научниот свет била предмет на проучување. Проблем претставувало нејзиното првобитно подигнување и подоцнежните доградби. Имено, едни тврдат дека западниот дел е првобитен, а други источниот. Најновите истражувања одеа во прилог на тезата дека источниот дел е првобитен, а подоцна кон западната страна на таа црква бил подигнат, односно дограден, дел со купола. Во 1861 година дошло до израмнување на западниот дел од надворешната страна, подигање на камбанаријата и поставување мермерна плоча во која се зборува за обновата на црквата.

Живопис

Во црквата се забележуваат траги од богат фрескоживопис при што предност им е дадена на монашките ликови. Taka, nајдени се остатоци од фрески со прилично добро зачувани ликови на архијереи кои и припаѓаат веројатно на првобитната црква, или пак се остатоци од некогашната капела подигната и живописана во 12 век, како и остатоци од ѕид со зачувани фрески на владетелски портрети. Pрвата зона на светителите ги прикажуваат пустиножителите кои требало да бидат пример за монасите кои во тоа време го населувале манастирот. Ктиторската фреска, која го претставува св. Никола како ги води ктиторите кон престолот на Исус Христос, претставува претставителен пример на византискиот фрескоживопис. Исто така, на двете страни од влезот на црквата се прикажани фрески на кралот Волкашин и неговиот син Крале Марко.[2]

Од зачуваните икони, најпознати се: „Христос пред Пилат“, „Патот на Голгота“, „Симнување од крстот“.[3]

Поврзано

Наводи

Галерија

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.