дигитален семрежен архив From Wikipedia, the free encyclopedia
Wayback Machine (изг. Вејбек машин, македонски: Навраќачка машина) — цифрен архив на светската пајажина создаден од Семрежниот архив (Internet Archive), кој е непрофитна организација во Сан Франциско, САД. Им овозможува на корисниците да се „вратат во времето“ за да видат како изгледале мрежните места во минатото. Неговите творци, Брустер Кејл и Брус Гилијат, го разработиле проекот со намера да овозможат „сеопшт пристап до сето знаење“ запазувајќи архивирани примероци на стари верзии или веќе непостоечки страници.
Вид место | архив |
---|---|
Опслужувано подрачје | цел свет (освен Кина и Русија) |
Сопственик | Семрежен архив |
Адреса | web.archive.org |
Место на Алекса | ▲ 167 (јануари 2020)[1] |
Зачленување | незадолжително |
Пуштено | 24 октомври 2001[2][3] |
Тековна состојба | активно |
Програмски јазик | Јава, Пајтон |
Сметајќи од неговото пуштање во 2001 г. во архивот се ставени 452 милијарди страници. Ова покренало и прашања во врска со тоа дали чувањето на примероци од страници без одобрение од сопственикот претставува нарушување на авторските права во извесни држави.
Основачите на Семрежниот архив го пуштиле Wayback Machine во 2001 г. со намера да го решат проблемот на содржините кои исчезнуваат секогаш кога некоја страница ќе се измени или затвори.[4] Службата им овозможува на корисниците да гледаат архивирани верзии на мрежни страници со текот на времето, кои архивот ги нарекува „тридимензионален индекс“.[5] Кејл и Гилијат работеле со надеж да го архивираат сето семрежје, и со тоа секому да му овозможат пристап до сето знаење содржано во сите страници објавени во неговата историја[6]
Името Wayback Machine потекнува од „WABAC“ (изг. вејбек) — времепловна направа која ја користат ликовите Г-дин Пибоди и Шерман во цртаниот филм Шоуто на Роки и Булвинкл[7][8] со цел да учествуваат во настани во минатото и да влијаат врз важни историски настани.
Wayback Machine почнала со архивирање на меѓускладирани (кеширани) мрежни страници во 1996 г., со намера услугата да стане достапна за јавноста пет години подоцна.[9] Од 1996 до 2001 г. информациите се чувале на дигитална лента. Кејл повремено им дозволувал на истражувачите да ја користат оваа гломазна база на податоци.[10] На својата петгодишнина во 2001 г. архивата е отворена за јавноста на свеченост приредена во Калифорнискиот универзитет во Беркли.[11] Во времето на нејзиното пуштање, архивата веќе содржела 10 милијарди архивирани страници.[12]
Денес податоците се сместени во големиот грст јазли на Линукс во Семрежниот архив.[6] Повремено се навраќа во архивите и прави нови верзии на мрежните места.[13] Примероците можат да се прават и рачно со внесување на URL-адресата на страницата во пребарувачот, под услов мрежното место да му допушта на ползачот на Wayback Machine да ги зачувува неговите податоци.[9]
Програмската опрема е предвидена да „ползи“ по семрежјето и да ги презема сите јавно достапни страници од светската пајажина, чиноследот на Гофер, билтенот на Нетњуз (Јузнет) и преземливата програмска опрема.[14] Насобраното од ползачите не ги опфаќаат сите информации што постојат на семрежјето, бидејќи многу од нив се заштитени од издавачите или се складирани во недостапни бази. За да надминат недоследностите во делумно меѓускладирани страници, во 2005 г. организацијата го разработила Archive-It.org како начин да им се дозволи на установите и творците на содржини доброволно да собираат и запазуваат збирки од дигитални содржини, и со тоа да создаваат дигитални архиви.[15]
Зачуваните верзии доаѓаат како придонес од разни извори, некои преземени од трети лица, а други создадени внатре во самата архива.[13] На пример, оние доставени од Слоуновата задолжбина и Алекса се собираат со ползачи кои работат во име на Националната управа за архиви и записи (NARA) и Задолжбината за семрежно помнење (Internet Memory Foundation), што се одразени од Комон крол (Common Crawl).[13] The "Worldwide Web Crawls" have been running since 2010 and capture the global Web.[13][16]
Честотата на зачувување на примероци зависи од мрежното место.[13] и степенот на неговото учество.[13] Ползењето може трае со месеци, па дури и со години, зависно од големината.[13] Меѓутоа, напати се користат повеќе ползачи истовремено, а некои страници се водат на повеќе од еден список за ползење, поради што честотата на ползење во голема мера се разликува од едно до друго место.[13]
Од октомври 2019 г. корисниците се ограничени на 5 архивски побарувања во минута.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.