Ѓоре Спасовски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Ѓоре Величков Спасовски ( 1923 во Крилатица16 април 1945 во Врпоље) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОБ.[1]

Животопис

Откако завршил основно четиригодишно училиште во родното место, најпрво се занимавал со сточарство, а подоцна и со земјоделие. За време на окупацијата, тој со внимание го следел развитокот на народноослободителното движење во Македонија. Бил мобилизиран во бугарската војска, каде дошол во допир со напредните луѓе и симпатизери на НОВ. Во летото 1944 година, дезертирал од бугарската војска и извесно време се криел во околината на своето село, без да биде забележан од окупаторските власти. Во почетокот на септември 1944 година, тој се приклучил во редовите на народноослободителната војска, во состав на Единаесеттата македонска ударна бригада. По ослободувањето на Македонија, заминал на Сремскиот фронт во состав на Треттатa македонска народноослободителна ударна бригада. Учествувал во повеќе значајни борби како артилерец, во пробивањето и уништувањето на германските и усташките единици. Покажал голема присебност, умешност и пример на пожртвуван борец. Во една тешка борба крај Врпоље, на 16 април 1945 година, бил смртно погоден и загинал од непријателски куршум.[1]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads