Крилатица
село во Општина Кратово From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Крилатица — село во Општина Кратово, во околината на градот Кратово.
Remove ads
Географија и местоположба
Историја
Во XIX век селото било дел од Кратовската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Крилатица живееле 364 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Крилатица имало 448 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[4]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 141 жител, сите Македонци.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 59 жители, од кои 56 Македонци и 3 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови
Крилатица е македонско село.
Според истражувањата од 1975 година, родови во селото се:
- Староседелци: Величковци (6 к.), Атанасковци (4 к.) и Тодоровци (4 к.)
- Доселеници: Јанковци (10 к.) доселени се од селото Герман; Лазици (11 к.) доселени се од селото Трновац; Мишинци (13 к.) доселени се од селото Шопско Рударе; Куковци (10 к.) доселени се од местото Здравци Камен кај кратовското село Шлегово. Го знаат следното родословие: Милан (жив на 56 г. во 1975 година) Тодос-Јован-Спасо-Ѓорге, основачот на родот кој се доселил; Мулинци (4 к.) доселени се однекаде.[11]
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Личности родени во Крилатица:
- Киро Митевски (1921-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Ѓоре Спасовски (1923-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Култура и спорт
Иселеништво
Иселеници има во Скопје, Кратово, Куманово и на други места. Населението исто така се иселувало и во Германија. Родот Маџо се иселил во селото Малино. Игњатовци и Јосевци се иселени во селото Орел.[11]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads