Ѓорѓи Крстевски (пејач)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Ѓорѓи Крстевски (Скопје, 3 септември 1981 ) — македонски изведувач, композитор, текстописец, аранжер и продуцент.

За други значења видете на појаснителната страница за Ѓорѓи Крстевски

Животопис

Крстевски е роден на 3 септември 1981 година во Скопје. Своето деби го имал во 1997 година, на фестивалот Тинс хит, каде со извесна Бил­јана ја отпеал песната Само за тебе. Прв посериозен сингл, кој станал хит, била баладата Без тебе, а истата 1999 годи­на од работилницата на Ѓорѓи излегла и песната Ти си. Потоа следувале Таму некаде, во 2000 година, за која бил снимен и видео-спот, а веќе наредната година тој ја промовирал песната Си­мона. Соработка со поп-дивата Калиопи, Крстевски ја остварил во 2002 го­дина, кога на домашниот избор за Песна на Евровизија тој ја пееше нејзината композиција Песна за тебе. Во 2002 година покрај настапот на фестивалот во Зеница, во ете­рот бил лансиран новиот сингл Крај на, а во октомври уште една балада – Засекогаш твој. Во почетокот на 2004 година, тој со Валентино Скендеровски, во негово­то студио Enterprise, Ѓорѓи го снимил својот нов албум, на кој, покрај деветте нови песни, се нашла и српската верзија на Несудена, премиерно изведена во 2003 година, на фестивалот во Бања Лука. Живее во Скопје.

Remove ads

Дискографија

  • Во името на љубовта (самостојно издание, 2002)[1]
  • Засекогаш (2004)[2]
  • Она најдобро од нас (2009)[3]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads