Јане Петровски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Јане Петровски (роден на 9 февруари 1985 во Скопје) — македонски кошаркар , кој настапувал во Еуро Никел 2005 од Кавадарци, во Македонската Прва Лига. Тој е висок 181 см и игра на позиција разигрувач.

Кратки факти Јане Петровски, Позиција ...
Remove ads

Клупска кариера

Први години

Професионалната кариера ја започнал во 2003 година во Никол Ферт. Во 2004 година настапувал за Поло Трејд.[1]

Меѓународна кариера

За сезоната 2008/09, потпишал за унгарски Шопрон.[2] Таму не се задржал, и во септември 2008 година го напуштил клубот.[3] Потоа, Петровски се преселил во украински Грифони.[4] Сезоната 2009/10 ја започнал во Грифони,[5] но на полусезоната се преселил во бугарски Рилски Спортист.[6]

Последни години

Во октомври 2011 година, Јане потпишал за Работнички.[7][8]

Поради суспензијата на главниот тренер Марин Докузовски и помошникот тренер Марјан Србиновски,[9][10] Петровски како капитен, формално бил и играч-тренер на екипата од ноември 2014 до февруари 2015г.,[11][12] сè до истекувањето на суспензијата на Србиновски кој се вратил како главен тренер.[13] Во 2015 година, со Работнички го освоил Купот на Македонија.[14][15] Со истата екипа, тој стигнал до полуфиналето во Првенството 2014/2015.[16][17] Во средината на ноември 2015 година, Јане Петровски го напуштил Работнички и потпишал за Фени Индустри.[18][19][20] Петровски станал вицепрвак во Купот 2017 со Фени.За сезоната 2017/18, тој ја продолжил соработката со Фени.[21] Следната сезона, Петровски останал во Фени.[22] За сезоната 2019/20, Петровски останал како капитен во Еуро Никел 2005, новото име на клубот.[23]

Remove ads

Репрезентативна кариера

Јане Петровски исто така бил член на Македонската кошаркарска репрезентација од 2004 до 2009г.[24]

Успеси

Титули

Македонија Работнички

Признанија

  • Втора најдобра петорка на сезоната 2006/07[25]
  • Најдобра домашна петорка на сезоната 2006/07[25]
  • Почесно споменување во сезоната 2007/08[26]
  • Најдобра домашна петорка на сезоната 2010/11[27]
  • Почесно споменување во сезоната 2010/11[27]
  • Трета најдобра петорка на сезоната 2015/16[28]
  • Почесно споменување во сезоната 2016/17[29]
  • Прва најдобра петорка на сезоната 2017/18[30]
  • Најдобра домашна петорка на сезоната 2017/18[30]
  • Почесно споменување во сезоната 2018/19[31]
  • Почесно споменување во сезоната 2019/20[32]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads