Машка кошаркарска репрезентација на Македонија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Машката кошаркарска репрезентација на Македонија, позната и како „Репрезентација А Мажи“ — спортска репрезентација која ја претставува Македонија во кошарка во машка конкуренција.
Репрезентацијата е под покровителство на Македонската Кошаркарска Федерација (КФМ) и е членка на ФИБА од 1993 година. Најголем успех на репрезентацијата е учеството на Европското првенство во кошарка во 2011 година во Литванија, каде Македонија го освоила четвртото место. Поради овој успех, самопрегорноста во играта и афирмацијата на татковината во светот, екипата била одликувана со Медал за заслуги за Македонија од страна на претседателот на државата.[2]
Remove ads
Историја
КФМ, како раководно тело на кошаркарските репрезентации и екипи во Македонија, била создадена во 1992 година и една година подоцна била примена во рамките на ФИБА Европа. Претходно, македонските машки и женски кошаркари биле дел од репрезентацијата на СФРЈ, која своевремено била една од најголемите сили на светската кошаркарска сцена. По распадот на СФРЈ, секоја поранешна југословенска република започнала со нови кошаркарски федерации и репрезентации.
Европски првенства
Летни олимписки игри
Светски првенства
Remove ads
Настапи на Македонија како самостојна репрезентација
Евробаскет 1999
Евробаскет 2009
Евробаскет 2011
По победата над Грузија, Македонија обезбедила пласман во четвртфиналето, што до тој момент бил најголем успех во македонската кошаркарска историја. Во претпоследното коло од втората фаза, Македонија ја поразила Словенија, а во последното коло од втората фаза, Македонија тесно изгубила од Русија на две секудни при крајот.
Како второпласирана во групата од втората фаза, Македонија во четвртфиналето играла со третопласираната од другата група, односно со домаќинот Литванија, која ја совладала со два бода разлика и обезбедила учество во полуфиналето. Во полуфиналето, селекцијата на Македонија се сретнала со Шпанија, која во четвртфиналето ја победила Словенија и така го постигнала најголемиот успех во историјата на македонската кошарка. Во полуфиналето, Македонија загубила од Шпанија и со тоа играла за бронза со Русија, а Шпанија играла за златото со Франција. Во борбата за третото место, Македонија загубила од Русија и завршила на четвртото место - најдобриот пласман во историјата на оваа репрезентација. Истовремено, благодарение на освоеното четврто место, Македонија директно се пласирала на Евробаскетот 2013 и на квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Лондон 2012.
По завршувањето на првенството, во Скопје била приредена голема прослава низ улиците и плоштадите, дополнета со пригодна програма. Сепак, и покрај остварениот огромен успех, веднаш по Евробаскетот 2011, селекторот Докузовски поднесол оставка.[3]
Летни олимписки игри 2012
Македонија, како четвртопласирана на Евробаскетот 2011, обезбедила пласман на квалификацискиот турнир за Летните олимписки игри во Лондон 2012 година. Македонија играла во групата Д, со селекциите на Нов Зеланд и Ангола. Првите две пласирани екипи од оваа група играле во четвртфиналето против првите две пласирани од групата Ц при што смо три екипи обезбедиле пласман на ЛОИ во Лондон 2012. Турнирот се одржувал во Венецуела, а првиот натпревар Македонија го одиграла на 3 јули 2012 против Нов Зеланд. Македонија не успеала да се квалификува за Олимписките игри, бидејќи била поразена во четвртфиналето со пораз од Доминикана.
Евробаскет 2013
Македонија се квалификувала за Евробаскетот 2013 година, кој се одржал во Словенија. На ова првенство, репрезентацијата ја водел селекторот Алеш Пипан, кој истовремено бил тренер и на МЗТ Аеродром. При извлекувањето на групите, Македонија била во првиот шешир и играла во групата B, заедно со селекциите на Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Латвија и Литванија, а натпреварите се играле во Јесенице.[4] Настапот на ова првенство, Македонија го завршила уште во првата фаза, пласирајќи се како последна во групата В. По завршувањето на првенството, како последица на острите критики за претрпениот неуспех, селекторот Пипан поднесол оставка.[5]
Евробаскет 2015
Во квалификациите за Евробаскет 2015, Македонија била во групата „Д“, заедно со репрезентациите на Данска, Белгија и Белорусија. Во првото коло, во Скопје, Македонија ја победила репрезентацијата на Белгија со 76-73. Во второто квалификациско коло, во данскиот град Хорсенс, Македонија го победила домаќинот Данска со 81-75. На 17 август 2014 година, Македонија играла со Белорусија како гостин и победила со 81-70. Три дена подоцна, на 20 август, на гостувањето во Белгија, Македонија изгубила со 60-63. На 24 август, во Скопје, Македонија ја победила Данска, со резултат 80-46, а на последната средба, одиграна на 27 август во Скопје била поразена и репрезентацијата на Белорусија, со 72-66.
На тој начин, Македонија завршила на второто место во својата група, остварувајќи пет победи и еден пораз, со исто бодови како и првопласираната Белгија, но со послаба кош-разлика. Оттука, како најдобро рангирана второпласирана репрезентација во квалификациите, Македонија обезбедила директен пласман на Европското првенство. Во квалификациите, најдобар стрелец бил Бојан Трајковски, со 68 бода (просек од 11,3 бода), а Ричард Хендрикс бил најдобар скокач, со 64 скока (10,7 по натпревар).[6][7][8][9][10][11][12][13]
Со ждрепката за Европското првенство 2015, Македонија била распоредена во групата „Ц“, заедно со Хрватска, Словенија, Грција, Грузија и Холандија.[14]
Во март 2015 година, Кошаркарската Федерација потпишала едногодишен спонзорски договор со турската авио компанија „Туркиш Ерлајнс“.[15]
На средината на јули, МКФ го ангажирала Италијанецот Џакомо Браида за кондиционен тренер на репрезентацијата.[16]
Пред почетокот на подготовките за идното континентално првенство, српскиот селектор Александар Џикиќ од МКФ добил отказ,[17][18] а на негово место бил поставен Марјан Србиновски.[19][20]
Својот настап на првенството, македонската репрезентација го завршила уште во првата фаза, претрпувајќи четири порази од пет натпревари. Најпрвин, Македонија била поразена од Грција со 65-85, а во второто коло била подобра од Холандија, остварувајќи ја единтсвената победа на првенството (78-71). Меѓутоа, во третото коло, Македонија претрпела пораз од Хрватска од 55-73, а во следното коло била поразена и од Грузија, со 75-90. Во последниот натрпевар на првенството, Македонија загубила од Словенија со 51-62.[21]
Remove ads
Состав
Целосен состав
Целосниот состав на машката кошаркарска репрезентација е следниот:[22]
Список на натурализирани кошаркари
1 Не настапил за репрезентацијата
2 Самоиницијативно покренал постапка за македонски пасош
Извор: basketball.org.mk Архивирано на 28 септември 2016 г.
Remove ads
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads