Јапонски јен

From Wikipedia, the free encyclopedia

Јапонски јен
Remove ads

Јен (ISO 4217: JPY, бројчен код: 392) е валута што се користи во Јапонија. Таа е широко распространета како резервна валута, слично на доларот и еврото. На јапонски се изговара како „ен“. Латиничниот симбол за јенот е ¥, додека на јапонски се означува со писмото канџи 円.

Кратки факти Јапонски јен, ISO 4217 ...
Remove ads

Историја

Thumb
1 јен 1889 година, цар Муцухито. Сребро.
Thumb
Монета од 10 јени (задна страна)
Thumb
Банкнота од 1000 јени со портретот на Нацуме Сосеки. Новите банкноти на јенот во промет се ставени на 1 ноември 2004 година

Јенот како платежно средство е воведен во периодот Мејџи[1]. Тој го заменил комплексниот монетарен систем од Едо периодот заснован на јапонскиот мон. Во 1871 год. било прифатен децималнен систем на пресметување на јенот (1, 圓), шенот (1/100, 錢), и ринот (1/1000, 厘) со монети што биле тркалезни како оние на запад. (“Шен“ и “рин“ се исфрлени од употреба во 1954 година). Јенот официјално е дефиниран како 26.956 грама сребро.

Во периодот од 25 април 1949 до 1971 година јенот бил врзан за американскиот долар, со курс 1 долар = 360 јени. Во 1971 година дошло до паѓање на системот Бретон Вуд и јенот добил пазарен курс.

Remove ads

Означување

Оригиналната ознака за јенот е иста како и ознаката на кинескиот јуан (圓 пинјин yuan 2). Во модерниот јапонски јазик се употребува ознаката (円). Латиничната ознака за јенот е иста како и ознаката за јуанот, со таа разлика што на ознаката за јуан се наоѓа една попречна црта, а на ознаката за јен има две.

Во буквален превод “јен“ значи „тркалезен предмет“, како и “јуан“ на кинески.

Монети и банкноти

Во моментот во оптек се следните монети и банкноти: монети од 1 јен, 5 јени, 10 јени, 50 јени, 100 јени, 500 јени и хартиени пари од 1000 јени, 2000 јени, 5000 јени, 10000 јени. Монетата од 500 јени е монета со најголема вредност во светот.

Курс на јенот од 1949 година до денес

Табелаtа го прикажува односот на јенот и американскиот долар.

Повеќе информации година, месец ...
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads