1 ноември
датум From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Предлошка:Ноември 2025 1 ноември — 305-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (306-и во престапна година). Остануваат 60 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1512 | Таванот на Систинската капела во Ватикан, насликан со фрески од Микеланџело, за првпат ѝ е претставен на јавноста. | 
| 1755 | Во катастрофалниот земјотрес проследен со цунами што го зафатија Лисабон загинаа 60.000 луѓе. | 
| 1943 | Единици на бартаљонот „Мирче Ацев“ по двочасовни борби со германските единици и со балисти по вторпат го ослободуваат Кичево. | 
| 1946 | Обединетите нации формираа Меѓународен фонд за помош на децата (УНИЦЕФ). | 
| 1952 | Американците ја активираа првата пробна водородна бомба на островот Ениветок во Тихиот Океан. | 
| 1954 | Во Алжир започнало востание против францускиот колонијализам, кое по 8 години резултирало со независност. По тој повод 1 ноември е прогласен за национален празник на Алжир. | 
| 1973 | Од ранжирната станица Трубарево тргна првиот електричен воз во Македонија. | 
| 1981 | Антигва и Барбуда добива независност од Велика Британија. | 
| 1993 | Стапува во сила Мастришкиот договор, со што се создава Европската Унија. | 
| 1998 | Создаден е Европскиот суд за човекови права. | 
| 2002 | Македонското Собрание со 72 гласа „за“ и 28 „против“ ја избра новата Влада на Република Македонија, предводена од Бранко Црвенковски. | 
Родени:
| 1339 | Рудолф IV — војвода од Австрија. | 
| 1351 | Леополд III — војвода од Австрија. | 
| 1549 | Ана Австриска — сопруга на шпанскиот крал Филип II. | 
| 1757 | Антонио Канова — италијански неокласицистички вајар (†1822) | 
| 1801 | Винченцо Белини — италијански оперски композитор. | 
| 1813 | Петар Петровиќ - Његош — владика, поет и владетел на Црна Гора. | 
| 1839 | Ахмед Мухтар-паша — отомански Голем Везир. | 
| 1842 | Стојан Новаковиќ — српски политичар и научник. | 
| 1871 | Стивен Крејн — американски писател. | 
| 1880 | Алфред Вегенер — германски метеоролог и геолог. | 
| 1886 | Херман Брох — австриски писател. | 
| 1892 | Александар Александрович Алехин — руски шаховски велемајстор и светски првак. | 
| 1902 | Ојген Јохум — германски композитор. | 
| 1921 | Владимир Ќосевски — македонски архитект и урбанист. | 
| 1923 | Викторија де лос Анхелес — каталонска оперска пејачка. | 
| 1923 | Гордон Диксон — канадски писател на научна фантастика. | 
| 1941 | Дивна Лакинска — македонски андрагог. | 
| 1943 | Алајдин Абази — македонски академик и универзитетски професор. | 
| 1946 | Џанг Деѓанг — поранешен вицепремиер на Кина за економија. | 
| 1952 | Бора Ѓорѓевиќ — српски и југословенски пејач, член на групата Рибља чорба. | 
| 1957 | Сади Беџети — македонски универзитетски професор. | 
| 1972 | Пол Диков — шкотски фудбалер. | 
| 1972 | Тони Колет — австралиска глумица. | 
| 1973 | Роберт Лукетиќ — австралиски филмски режисер. | 
| 1979 | Милан Дудиќ — српски фудбалер. | 
| 1983 | Јелена Томашевиќ — српска поп пејачка. | 
| 1983 | Јоко Огура — јапонски модел. | 
| 1992 | Филип Костиќ — српски фудбалер. | 
Починале:
| 921 | Ричард Бургундски — војвода од Бургундија. | 
| 955 | Хенрик I Баварски — војвода од Баварија. | 
| 1391 | Амадеус VII Савојски — гроф од Савоја. | 
| 1399 | Јован V Британски — војвода од Британија. | 
| 1546 | Јулио Романо — италијански уметник. | 
| 1642 | Жан Николе — француски истражувач. | 
| 1804 | Јохан Фридрих Гмелин — германски природонаучник. | 
| 1860 | Александра Фјодоровна — руска царица. | 
| 1894 | Александар III Александрович — руски цар. | 
| 1903 | Теодор Момзен — германски историчар, правник и писател, добитник на Нобеловата награда за литература. | 
| 1907 | Алфред Жари — француски драматург. | 
| 1922 | Лима Барето — бразилски писател. | 
| 1966 | Петар Радаковиќ — хрватски и југословенски фудбалер. | 
| 1972 | Езра Паунд — американски поет. | 
| 1982 | Кинг Видор — американски режисер. | 
| 1995 | Васил Иљоски — македонски драмски писател. | 
| 2013 | Владимир Светиев — македонски глумец. | 
Празници:
| * | Антигва и Барбуда — ден на независноста (национален празник) | 
| * | Католицизам — Ден на сите светци | 
| * | Алжир — Ден на револуцијата (национален празник) | 
| * | Светски ден на веганците | 
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads