Домашна коза
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Домашната коза (лат. Capra aegagrus hircus) ― домашно животно, подвид на дивата коза од Азија и Источна Европа.
Нејзиното припитомување се одвивало уште во текот на 11 век п.н.е, на подрачјето на Блискиот Исток. Обично се претпоставува, дека припитомувањето многу брзо доведува до морфолошки промени на скелетот на таквите животни, како што е промената на роговите, и нивната помала големина. Луѓето од козите го користат месото, кожата, млекото и волната.
Remove ads
Историја
Козите се меѓу најраните животни припитомени од луѓето.[1] Најновата генетска анализа[2] ги потврдува археолошките докази дека дивата анадолска коза од планините Загрос е веројатно изворниот предок на веројатно сите домашни кози денес.[1]
Неолитските фармери започнале да пасат диви кози првенствено за лесен пристап до млеко и месо, како и до измет, кој се користел како ѓубриво; а нивните коски, коса и жила се користеле за облека, градби и алатки.[3] Најраните остатоци од домашни кози кои датираат 10.000 години пред денес се наоѓаат во Ганџ Дарех во Иран. Остатоци од кози се пронајдени на археолошките места во Ерихон, Чога Мами,[4] Џејтун и Чајону, датирајќи го припитомувањето на кози во Западна Азија пред околу 8.000 до 9000 години.[1]
Студиите за докази на ДНК предложуваат 10.000 години БП како датум на припитомување.[2]
Историски гледано, козјата кожа била користена за шишиња за вода и вино и при патување и при превоз на вино за продажба. Користена била и за производство на пергамент.
Remove ads
Исхрана
Ако ги имаат на располагање сите делови на билки, козите јадат околу 60% листови и стеблести растенија, околу 20% зелено растение и само околу 20% трева. Порано, но и денес се чуваат во повисоките места, зошто се способни за искачување како и за подрачја на кои не можат да се одгледуваат говеда.
Размножување
Козата достигнува полна зрелост на 5 месеци (мажјакот), односно на 7 месеци (женката) од животот. Таа може да носи млади до својата седма година, а вообичаено раѓа 1 до 3 млади. Циклусот кај козите трае 21 ден, започнувајќи во есен и повторувајќи се неколку месеци до оплодувањето.
Козата како тема во уметноста и во популарната култура

- „Јарецот живодерец“ (српски: Јарац живодерац) - српска народна приказна.[5] [6]
- „Волкот и седумте јариња“ – сказна на браќата Грим.[7] [8]
- „Стрмина“ - краток расказ на македонскиот писател Петко Дабески.[9]
- „Козата на господинот Сегин“ - расказ на францускиот писател Алфонс Доде од 1869 година.[10]
- „Јарецот, бикот и лавот“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[11]
- „Лисицата и јарецот“ - басна на Езоп.[12]
- „Волкот и козата“ - басна на Езоп.[13]
- „Иде коза рогушеста“ — песна на македонскиот поет Иван Ивановски.[14]
- „Јаренца“ — расказ на македонскиот писател Бошко Смаќоски.[15]
- Гоут (англиски: Goat = коза) — шведска рок-група.[16]
- „Коза“ (англиски: Goat) — музички албум на истоимената шведска рок-група од 2024 година.[17]
- „Грла јарци“ - песна на македонската рок-група Funk Shui.[18]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads