Јари

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Јари е јапонско копје со три острици.[1][2] Должината на јаријата варира од еден па дури до шест метри, подолгите јарија ги носела пешадијата, додека пократките главно ги носеле самураите. Јарито се одликувало по правата острица која можела да биде долга од неколку сантиметри па сè до еден метар. Острицата била правена од висококвалитетен челик, од истиот оној од кој се правеле надалеку прочуените катани, што острицата на јарито ја правело многу издржлива.

Thumb
Јари
Thumb
Врв на јари

Низ историјата биле произведени многу видови на оваа оружје, обично централната острица била особено долга во однос на страничните. Јарито произлегло од кинеското копје и во Јапонија влегло во употреба во 13 век. Инвазијата на Монголите на Јапонија во 1274 и 1281 година го сменила јапонскиот начин на војување како и јапонското наоружување, Монголците ги користеле Кинезите и Корејците, кои биле наоружани со долги копја во големи и рамни формации, тие биле смрт за тогашната јапонска коњица.

Remove ads

Поврзано

  • Список на оружја во средниот век

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads