1274
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1274 (MCCLXXIV) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1274 година од новата ера, 274. од вториот милениум, 74. од XIII век и петта од 1270-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6782 и 6783 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6024 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5034 и 5035 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2027.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1274 година се протега во 3910 и 3911, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3970 и 3971 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1817. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 672 и 673 исламска година.
Remove ads
Настани
По област
Африка
Азија
- 20 ноември - Јуен (династија)|Јуан] на Кублај-кан извршува неуспешна инвазија во Јапонија.
- Ничирен, заминува во егзил.
Европа
- 7 мај - Втор Лионски собор од страна на Римокатоличката црква за ослободување на Светата земја преку објавување на нова крстоносна војна. Советот на крајот го одобрува десетокот како данок, за да ги поддржи напорите за ослободување на Светата земја од муслиманите.
- Папа Григориј X укажува дека папската конклава (состаноци во кои гласачите немаат контакт со надворешноста) треба да се користи за папски избори.
- Јосиф бен Аврам Гикатила го пишува делото Ginnat Egoz.
Англија
- 2 август
- Кралот Едвард I се враќа од Деветтата крстоносна војна во Англија, за да биде крунисан за крал, 2 години по смртта на неговиот татко Хенри III.
- Неговиот привремен канцелар и делотворен регент, Валтер де Мертон се пензионира од кралската служба, за да ги направи конечните ревизии на неговите статути за основање на Мертон колеџот во Оксфорд и да заземе функција на епископ на Рочестер.
- Еден од првите акти на Едвард е да се спроведе декрет, кој бара сите англиски евреи да носат жолта ѕвезда.
Италија
- 1 мај - Во Фиренца, деветгодишниот Данте Алигиери за првпат ја запознава осумгодишната Беатриче.
- Бонвесин де ла Рива ја пишува дидактичко-алегоричната поема „Libro de le tre scritture“.
Remove ads
Родени

Починале
- 19 февруари - Лал Шахбаз Каландар, суфустички филозоф и поет (р. 1177)
- 7 март - Свети Тома Аквински, италијански теолог (р. 1225)
- 26 јуни - Насир ел-Дин ел-Туси, персиски научник и писател (р. 1201)
- 15 јули - Бонавентура, италијански теолог и светец (р. 1221)
- 22 јули - Анри I Наварски, Крал на Навара (роден во 1244)
- 15 август - Роберт де Сорбон, француски теолог и основач на Сорбона (р. 1201)
- 2 септември - Принц Мунетака, јапонски шогун (р. 1242)
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads