1281
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1281 (MCCLXXXI) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1281 година од новата ера, 281. од вториот милениум, 81. од XIII век и втора од 1280-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6789 и 6790 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6031 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5041 и 5042 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2034.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1281 година се протега во 3917 и 3918, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3977 и 3978 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1824. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 679 и 680 исламска година.
Remove ads
Настани
По место
Азија
- 12 август - Битка кај Коан: Втората Монголска инвазија на Јапонија е спречена, поради голем тајфун.
- Кублај-кан наредува опожарување на светите таоистички текстови.
Близок Исток
- 29 октомври - Втора битка кај Хомс: Мамелучкиот Султанат на чело со султан ел-Мансур Калавун ја спречува инвазијата на Сирија спроведена од страна на Илканатот на чело со Абака-кан.
- Осман I, основач на Отоманското Царство, станува бег на племето во Согут во централна Анадолија. Во 1299 ќе прогласи независност од Селџуците, официјална година на основањето на Отоманското Царство.
- Офанзивата на Византија значително ја намалува големината на Кралство Албанија.
Европа
- Папа Мартин IV го наследува Папа Никола III, како 189-тиот папа.
- Папа Мартин IV ги овластува Крстоносците за започнување на нова крстоносна војна против новооснованата Византија во Цариград. Француските и венецијанските сили заминуваат кон Цариград, но се принудени да се вратат следната година.
Remove ads
Родени
- 25 декември - Алиса де Лејси, грофица од Линколн (п. 1348)
- Јуриј III, голем кнез на Владимирско-суздаљското Кнежевство од династијата Рурикови (п. 1325)
- Агнеса Австриска, кралица на Унгарија (п. 1364)
- Хенри, 3-ти Ерл од Ланкастер (1345)
- Хамдалах Казвини, ирански историчар (п. 1349)
- Рудолф I, крал на Бохемија (п. 1307)
Починале
- 16 февруари - Гертруда фон Хоенберг, кралица на Германија (р. 1225)
- 10 септември - Јован II, маркгроф од Бранденбург (р. 1237)
- 8 октомври - Принцеза Констанца од Голема Полска (р. 1245)
- 24 декември - Хајнрих V, гроф од Луксембург (р. 1216)
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads