Јастреб глувчар

From Wikipedia, the free encyclopedia

Јастреб глувчар
Remove ads

Јастребот глувчар (науч. Buteo buteo) е средна до голема граблива птица, која е распространета низ цела Европа, вклучувајќи ја и Македонија и се раширена кон Азија. Вообичаено е резидентна преку целата година, освен оние птици кои живеат во најсеверните краишта и еден подвид, кои се преселнички.

Кратки факти Јастреб глувчар, Заштитен статус ...
Remove ads

Опис

Јастребот глувчар (обичниот јастреб) е долг 40-58 см, со распон на крилјата 109-136 см и тежина од 427 до 1364 грама, што го прави средно голем грабливец.[2][3]

Овој јастреб има многу различни бои на своето перје и во Европа може да се помеша со сличниот гаќестиот глувчар (Buteo lagopus) и со подалечниот сродник осојадот (Pernis apivorus), кој го имитира перјето на јастребот глувчар за да се заштити од јастребот кокошкар. Перјето може да му варира од речиси целосно бело до црно, но обично е во нијанси на кафеаво со посветол „ѓердан“ од пердуви.

Thumb
Buteo buteo
Remove ads

Систематизација

Thumb
Јастреб глувчар во Зоо Скопје.

Јастребот глувчар прв го опишал Карл Линеј во неговата Systema naturae во 1758 како Falco buteo.[4] Подвидовите се сместени во две групи. Западна група јастреби, кои се обично постојани жители или преселници на кратки растојанија:

Источната vulpinus група ги вклучува:

Две постојани форми на островите близу Африка често се сместуваат во првата група, но изгледа дека се посебни видови, поблиски до африканскиот лисест глувчар, според биогеографијата и прелиминарните ДНК-анализи:

Thumb
Во Хамертон зоолошката градина, Англија
Remove ads

Поведение

Thumb
Во лет

Јастребот глувчар се размножува во шумски предели, обично по краевите, но го фаворизира ловот над отворено земјиште. Јаде главно мали цицачи, и ако најде мрши. Голем опортунист е, добро се приспособува на разновидна исхрана на: фазани, зајаци, други мали цицачи, средни цицачи, змии и гуштери, и често може да се види на места со неодамна изорени полиња во потрага по црви и инсекти. Птиците имаат неверојатна сила и затоа се во можност да носат храна од сите тежини.

Јастребите вообичаено не формираат јата, но мала група може да се забележи при преселбата или во добра животна средина. Во ретки прилики може да се заблежат дваесетина јастреби во поле, раздвоени по триесетина метри, па тоа не може да се нарече јато во вистинската смисла на зборот. Тие се жестоки бранители на територијата, и, иако ретко, се борат да го избркаат натрапникот. Паровите се создаваат за цел живот. За да го ​​привлечат партнерот (или да го импресионираат постоечкиот) мажјакот изведува ритуални воздушни летови уште пред да започне пролетта. Овој спектакуларен приказ е познат како „тобоган“. Тој ќе се вивне високо во небото, ќе се сврти и ќе паѓа надолу, во спирала, извртувајќи се и превртувајќи додека да стигне до долу. Потоа веднаш се крева нагоре и го повторува истото.

Повикот на јастребот глувчар е тажно пии-јау, слично на мјаукањето на мачката.

Степски подвид

Подвидот, степски јастреб, B. (b.) vulpinus се размножува од источна Европа, на исток, до Далечниот Исток, без Јапонија. Тие се преселници на долги растојанија, освен некои птици од северни Хималаи, кои зимуваат во Африка, Индија и југоисточна Азија. Во зимските престојувалишта, на отворено, овој јастреб често може да се види на жиците од телефонските кабли.

Овој подвид, понекогаш е сметан за посебен вид, B. vulpinus. Во споредба со номинираниот вид, тој е малку помал, долг 45-50 см, со подолги крилја и подолга опашка. Има два типа различни по боја, едниот е светлопортокалов, од каде доаѓа неговиот биномен назив (vulpes латински за „лисица“), а другиот е темносив.

Опашката на vulpinus е посветла од номинираниот вид и често попувкаста. Горниот дел од крилјата имаат посветли примарни завршетоци, а примарните пердуви за летање им се исто така посветли кога се гледаат одоздола. Возрасните имаат црни задни рабови на крилјата, а долните делови им се обични, без линии на градите, кои се чести кај B. b. buteo.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads