Канарски Острови
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Канарските Острови (шпан. Islas Canarias) архипелаг во Атлантскиот Океан под управа на Шпанија. Архипелагот се состои од седум поголеми, два помали и неколку сосема мали острови од вулканско потекло, и се наоѓа на околу 100 км од африканскиот брег.
претставуваат африкански
| |||||
![]() | |||||
службен јазик | Шпански | ||||
Главен град | Санта Крус де Тенерифе Лас Палмас | ||||
Канарските Острови имаат статус на автономна област на Шпанија. На островите живеат околу 2,1 милиони жители. Улогата на главен град ја делат два града: Санта Крус де Тенерифе и Лас Палмас де Гран Канарија. Канарските Острови како дел од Шпанија припаѓаат на ЕУ, но не се вклучени во царинската и даночната унија на ЕУ.
Главна дејност е туризмот, потоа земјоделството. Годишно, околу 10 милиони туристи ги посетуваат островите. Покрај тоа, од Канарските Острови се извезуваат голем број егзотични земјоделски производи за ЕУ, на пример: смокви, лимони, портокали, кајсии, праски, шеќерна трска, итн. На островот Тенерифе е планината Теиде кои врв на 3718 метри надморска височина е највисоката планина во Шпанија.
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads