Јеншепинг
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Јеншепинг (шведски: Jönköping) — еден од поголемите градови во Шведска, поточно во јужниот дел на државата. Градот се наоѓа во рамките на округот Јеншепинг, и неговото управно седиште воедно е и најголем град. Јеншепинг истовремено е и седиште на истоимената општина Јеншепинг.
Јеншепинг денес е град кој е познат по тоа што тука почнало со дејност претпријатието „Хускварна“ (Husqvarna).
Remove ads
Природни услови
Градот се наоѓа во јужниот дел на Шведска и Скандинавскиот Полуостров. Од главниот град на државата, Стокхолм, градот е оддалечен 320 км југозападно.
Релјеф
Јеншепинг се образувал на јужниот крај на второто езеро по големина во Шведска, на езерото Ветерн. Старото градско јадро се образувало на место помеѓу Ветерн и малото езеро Мункшен. Градското подрачје е претежно ридско, а надморската височина се движи помеѓу 90-200 м.
Клима
Климата во Јеншепинг е континентална под големи влијание на морето и крајните разгранети делови од топлата Голфска струја. Затоа зимите се благи, а летата се свежи во однос на дадената географска широчина.
Води
Јеншепинг се образувал на јужниот крај на второто езеро по големина во Шведска, езерото Ветерн. Најстариот дел од градот се наоѓа на местото помеѓу езерата Венерн и малото езеро Мункшен.
Remove ads
Историја
Подрачјето на Јеншепинг било населено уште во времето на праисторијата. Првото постојано населено место на даденото подрачје се појавува во раниот среден век. Населбата се развивала, и станала значајно населено место, па така во 1284 г. ги добило градските права, како еден од првите градови во државата.
Сè до Роскилдскиот мировен договор во 1658 г., ова подрачје била честа мета за нападите на Данците, па доживеал повеќе пожари. Во втората половина на XIX век, со доаѓањето на индустријата и железниците, Јеншепинг доживува преродба. Ова благостостојба трае и ден денес.
Remove ads
Население
Јеншепинг денес е град со средна големина за шведските услови. Градот има околу 89.000 жители (податок од 2010 г.), а градското подрачје, т.е. истоимената општина има околу 128.000 жители (податок од 2012 г.). Последните децении бројот на населението во градот полека, но сигурно се зголемува.
До средината на XX век Јеншепинг е населен со исклучиво етнички Швеѓани. Меѓутоа, со честите доселувања во Шведска, населението станува се шаренолико.
Стопанство
Денес Јеншепинг е современ град со посебно развиена индустрија (машинска индустрија, обработка на дрво, производство на мебел). Последните две децении посебно се развиваат трговијата, услугите и туризмот.
Најважен стопански настан во градот е сајмот за туризам, Елмиј, најголем од таков вид во светот.
Галерија
- Смика на градот од воздух
- Градско крајбрежје
- Црква Света Софија, главна црква во Јеншепинг
- Градската куќа на Јеншепинг
Извори
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads