Шварце Елстер

From Wikipedia, the free encyclopedia

Шварце Елстерmap
Remove ads

Шварце Елстер[3][4][5] или Црн Елстер (германски: Schwarze Elster, горнолужички: Čorny Halštrow) — 179 километри долга река во источна Германија, во покраините Саксонија, Бранденбург и Саксонија-Анхалт, десна притока на Елба. Нејзиниот извор е во областа Горна Лужица, близу Елстра.

Кратки факти Место, Должина ...

Шварце Елстер тече низ градовите Каменц, Хојерсверда, Зенфтенберг, Лаухамер, Елстерверда, Бад Либенверда, Херцберг и Јесен. Се влева во реката Елба кај Елстер (Елба), спротивно од течението на реката од Витенберг.

Remove ads

Географија

Реката извира од Лужичките Возвишенија (Горна Лужица) околу 1,5 километри јужно од селото Киндиш во округот Елстра на источниот дел на 396 метри високиот Купе, полуврв на Хохштајн. Оттука, Шварце Елстер првично тече кон север низ Елстра, Каменц, Милстрих и Витихенау, од Хојерсверда тече кон запад до Елстерхајде. Потоа низводно, по 63 километри, ја сече границата на Саксонија и Бранденбург и тече низ Зенфтенберг, Руланд и Лаухамер до Елстерверда. Оттука, тече кон северозапад низ Бад Либенверда, Херцберг и Јесен пред да се влее во Елба во општината Елстер (Елба) (на 198,5 километар).

Најважни притоки на Шварце Елстер се Хојерсвердаер Шварцвасер, Пулсниц, Гросе Редер, Клајне Елстер и Швајницер Флис.

Притоки

Повеќе информации Леви притоки, Десни притоки ...
Remove ads

Историја

Фелдмаршалот Блихер ја преминал реката Елба близу нејзиното влевање со Шварце Елстер на 3 октомври 1813 на неговиот марш кон Лајпциг.[6]

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads