Јоаникиј II Цариградски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Јоаникиј II ЦариградскиВселенски патријарх во четири наврати во периодот од 1646 до 1656 година.

Кратки факти Црква, На служба ...
Remove ads

Живот

Јоаникиј по потекло бил од Линдос град на островот Родос. Тој бил назначен за митрополит на Ганос и Хора во 1624 година од страна на патријархот Кирил I и во 1636 година тој станал митрополит на Ираклеа. Поддржан од молдавскиот војвода, Васил Лупу, бил избран како патријарх за првпат на 16 ноември 1646 година.[1]

Низ XVII век било вообичаено поради интригите и кавгите во христијанската заедница и Светиот синод предизвикувал брзи промени и повторни поставувања на патријарси: од 1595 до 1695 имало шеесет и една промена и триесет и еден патријарх.[2] Овие чести промени биле охрабрувани од страна на османските власти кој добивале парични средства за секое назначување. Јоаникиј исто така бил сменуван и назначуван неколкупати: бил разрешен на 28 октомври 1648 оа оивтирно поставен во јуни 1651 па сменет во јуни 1652, и повторно бил патријарх во периодот од април 1653 до март 1654и од март 1655 до јули 1656 година.[3]

Во 1654 година бил затворен бидејќи бил главна причина за насобирачките долгови на патријархатот кон Високата порта.[4] По последната промена во 1656 година, бил назначен за епископ на Кеа и Термија, каде се пензионирал и останал до својата смрт во 1659 или 1660 година.[3]

Да ја засили својата позиција наспроти своите непријатели, тој побарал поддршка од Австрискиот цар и од Рим. Од оваа причина дозволил католички мисии по бреговите на Црното Море и Кикладите. Но сепак одбил да потпише католички симбол на верата кога било побарано од страна на конгрегацијата за пропаганда на верата, зачувувајќи ја својата кревка позиција.[1]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads