Конгрегација за евангелизација на народите

From Wikipedia, the free encyclopedia

Конгрегација за евангелизација на народите
Remove ads

Конгрегација за евангелизација на народите или Конгрегација за пропаганда на верата (итал. Congregatio de propaganda fide) [1][2], се сретнува и под името Конгрегација за евангелизација на народите (лат. Congregatio pro gentium evangelisatione) или Света конгрегација за ширење на верата (лат. Sacra congregatio de propaganda fide). Ова тело било создадено од страна на Римокатоличката црква со цел да се прошири и зајакне црковната власт на папата и ширење на католичката вера насекаде низ светот.

Thumb
Седиштето на Конгрегацијата во Рим
Remove ads

Историја

Во 1622 година во Рим преовладало језуитското влијание и папата Григориј XV на 11 јуни 1622 година издал була Inscrutabili Divinae за создавање на едно тело кое станало познато како Congregatio de propaganda fide (Конгрегација за пропаганда на верата). Оваа тело било дооформено со булата на папата Урбан VIII од август 1627 година.

Целта на Конгрегацијата била да се шири католичката вера и црковната власт на папата насекаде по светот, да се подготвуваат и испраќаат мисионери насекаде каде што претходно немало католичко влијание. На чело на Конгрегацијата стои префект кој во круговите на Римокатоличката црква бил познат како црвениот папа со што се алудирало на големото значење на оваа институција како и на нејзиното влијание.

Remove ads

Структура

Конгрегацијата за пропаганда на верата ја има надлежноста во сите области кој се однесуваат на Конгрегацијата за наука и вера како и на Конгрегацијата за католичко воспитување, немаа ингеренции освен во областа на правосудството. Конгрегацијата за пропаганда на верата потикнува, управува или надгледува одреден број на придружни тела, како што се:

  • Комисија за теологија, духовност и мисијска анимација
  • Комисија за контрола на бискупската конференција, основање и уредување на верски установи
  • Пасторална комисија за проучување на пасторалните начела и методи кој се однесуваат на мисиската дејност и соработка
  • Комисија за катихизис и вероучение
  • Совет на папинските дела за ширење на верата
  • Висок совет за дела за ширење на верата
  • Висок совет на Закладата св. Петар Апостолот за домородното население
  • Висок совет за Мисиската заклада на клерот
  • Висок совет за Закладата св. Детинство
  • Меѓународна агенција за печатот-Фидес
Remove ads

Префекти

Извори

Надворешни врски

Поврзано

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads