Јоанис Симаникас

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Јоанис Симаникас (грчки: Ιωάννης Σημανίκας) бил грчки револуционер, член на Етники етерија, Елиномакедонскиот комитет, деец на грчката вооружена пропаганда и учесник во Борбата за Македонија.

Кратки факти Роден, Починал ...

Животопис

Симаникас е роден во Негуш, тогаш во рамките на Османлиското Царство. Станал член на Етники етерија, а подоцна се приклучува и во Елиномакедонскиот комитет, како близок соработник на Димитриос Калапотакис.

Калапотакис во август 1904 година го препорачал кај капетанот Евтимиос Каудис, дејствувал во Преспа и Леринско. Потоа застанал на чело на самостојна андартска чета и со неа имал судир кај Ошчима со четите на Митре Влаот и Атанас Кршаков.

Подоцна дејсвувал со Георгиос Катехакис. Во 1906 година го обиколувал Берско, но неговата чета била разбиена.

По Младотурската револуција бил принуден да ја напушти Македонија и заминал за Атина. Учествувал во Првата балканска војна и со својата чета влегол во Негуш, протрувајќи ги Османлиите [1][2][3][4]

Remove ads

Извори

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads