Атанас Кршаков

From Wikipedia, the free encyclopedia

Атанас Кршаков
Remove ads

Атанас Кршаков — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Кратки факти Роден, Починал ...

Животопис

Тој е роден во селото Косинец, Костурско. Учествувал во револуционерните борби уште пред Илинденското востание.

Еден месец пред Востанието бил потешко ранет во една борба османлиската војска, и поради тоа не можел да земе учество во борбите во текот на самото Востание. По Илинденското востание, како војвода на чета водел повеќе борби против османлиската војска и грчките андарти.

Грчкиот андартски капетан Пердикас, кој извршил бројни злодела врз месното население, бил ликвидиран токму од овој македонски војвода.

Во една од тие борби, во 1907 година, кај селото Граче, Костурско, загинува и војводата Кршаков. Неговите четници му ја отсекле неговата глава за да му ја зачуваат и тие биле фотографирани од Леонидас Папазоглу [2].

Remove ads

Наводи

Галерија

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads