Јодоводородна киселина

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Јодоводородна киселина — безбоен и воден раствор на јодоводород (HI). Претставува силна киселина, која целосно се јонизира во воден раствор. Концентрираните раствори на јодоводородната киселина обично имаат 48-57 % HI.[3]

Кратки факти Назнаки, Својства ...
Remove ads

Реакции

Јодоводородната киселина реагира со кислород во воздухот и дава јод:

4 HI + O2 → 2 H2O + 2 I2

Како и другите халогеноводород, јодоводородната киселина ги дополнува алкените давајќи јодоалкили. Може да се користи и како редуктивен агенс, како на пример во редукцијата на ароматични нитросоединенија на анилини.[4]

Катива-процес

Јодоводородната киселина наоѓа значајна примена во т.н. „Катива-процес“ кој служи како кокатализатор за добивање на оцетна киселина со карбонилацијата на метанол.[5][6]

Thumb
Каталитичкиот циклус на Катива-процесот

Незаконска употреба

Јодоводородната киселина е забранета супстанција во САД поради нејзината употреба како редуктивен агенс во добивањето на метамфетамин од ефедрин или псевдоефедрин (добиени од апчиња за одзатнување на носот).[7]

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads