Бромоводородна киселина

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Бромоводородна киселина — двоатомска молекула со формула HBr. Станува збор за безбојно соединение во облик на гас, при нормални услови. Бромовородната киселина се создава со растворање на бромоводород во вода. HBr е добро растворлив во вода, со масен удел од 68,85% на собна температура. Бромоводородот и бромоводородната киселина не се иста супстанца и покрај тоа што бромоводородната киселина се означува со HBr.

Кратки факти Назнаки, Својства ...
Remove ads

Употреба

Позната е употребата на HBr во хемиската синтеза. На пример,HBr се користи за производство на алкил бромид од алкохол:

Пример со формула: ROH + HBr → RBr + H2O

HBr се додава на алкените за да се добијат бромоалкани, кои се важно семејство на органските сооединенија.

Пример со формула: RCH=CH2 + HBr → RCH(Br)–CH3

Со добивање на HBr од алкини настануваат бромоалкени. Стегиметијата од овој тип е спротивно:

Пример со формула: RC≡CH + HBr → RC(Br)=CH2

Со додавање на HBr на халоалкени се формираат геминални дихалоалкани. (Овој тип на додатоци го следи Марковниковото правило):

Пример со формула: RC(Br)=CH2 + HBr → RC(Br2)–CH3

Исто така, HBr се користи за отворање на епоксиди и лактони, и во синтеза на бромоацетилен. Исто така, HBr се јавува како катализатор со многу органски реакции.[2][3][4][5] Предложено е да бромоводородната киселина се користи во проточни батерии..[6]

Remove ads

Лабораториски синтези

HBr се синтерезира со користење на повеќе методи. HBr може да се подготви со дестилација на раствор на натриум или калиум бромид со фосфорна киселина или разредена сулфурна киселина [7]::

Пример со формула: 2KBr + H2SO4 → K2SO4 + HBr

Концентрираната сулфурна киселина не е ефикасна, бидејќи формираниот HBr се оксидира со гасовитиот бром:

Пример со формула: 2HBr + H2SO4 → Br2 + SO2 + 2H2O

Киселината, исто така, може да се подготви на неколку други начини, вклучувајќи и бром во реакција со фосфор и вода или со сулфур и вода [7]:

Пример со формула:2Br2 + S + 2H2O → 4HBr + SO2

Киселината уште може да се подготви со броминација на тетралин (1,2,3,4-тетрохидронафтален):[8]

Пример со формула:C10H12 + 4Br2 → C10H8Br4 + 4HBr

Бромот може да се редуцита со фосфорна киселина:

Пример со формула:Br2 + H3PO3 + H2O → H3PO4 + 2HBr

Водениот раствор на бромоводородот исто така може да се подготви во мали количини трифенолофосфониум броминд со рефлуктирачка киселина.[2]

HBr се припрема според горните наведени медоди каде може да биде онечистен со Br2, кој може да се отстрани со пропуштање на гас преку Cu мрежа или низ фенол.[9]

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads