Јолнир

From Wikipedia, the free encyclopedia

Јолнир
Remove ads

Јолнир — подводен вулкан кој се наоѓа во јужниот дел на Исланд, во близина на островот Суртсеј[1]. Тоа бил формиран за време на десетмесечна вулканска ерупција која изградила остров набрзо потопен од морската ерозија при што настанала подводна планина која четириесеттина години по ерупцијата се издигнала на четириесет и еден метар под нивото на вода[2].

Кратки факти Јолнир, Највисока точка ...
Remove ads

Географија

Јолнир се наоѓа во јужниот дел на Исланд, во јужниот крај на архипелагот Вестманаејар, на еден километар југозапад но од островот Суртсеј.

Станува збор за моногеничен вулкан кој образувал подводна планина по ерозија на привремен остров во тек на подводна вулканска ерупција. Откако се издигнал до седумдесет метри над морското ниво и имал површина до 0,28 км2, островот формиран од акумулација на тефра брзо еродирал од брановите, кои четириесеттина години по појавата ја спуштиле неговата височина на четириесет и еден метар под нивото на морето.

Исто како островот Суртсеј и соседните подводни планини Суртла и Ситлингур, Јолнир е вклучен во поморската тампон зона на оваа локација заведена во листата за светско наследство на УНЕСКО од 2008 година[3].

Remove ads

Историја

Кога ерупцијата на Суртсеј била во затишје седум месеци и престанала да исфрла лава а островот Сиртлингур не бил во ерупција веќе два месеца, вулканолозите на 26 декември 1965 виделе дека се формира вулкански чад кој се издигал од површината на морето, на еден километар југозападно од Суртсеј.[4] Дошле до заклучок дека во тек е подводна ерупција со испуштање на лава која се фрагментира во тефра. Со акумулација на овие материјали се појавил новиот остров, којшто го нарекле Јолнир според едно од имињата на нордискиот бог Один. Островот се издигнал до седумдесет метри над морското ниво и достигнал површина од 0.28 км2. На крајот на мај 1966, лагуна се формирала на северниот брег на островот.

Кога ерупцијата престанала на 10 август 1966, вулканот повеќе не испуштал лава која би можела да го заштити од морската ерозија. Тој толку брзо еродирал што на 31 октомври 1966,[4] целосно бил проголтан под брановите а триесет и четири години по крајот на неговата ерупција се издига како подводна планина на 41 метар под морското ниво.

Remove ads

Наводи

Поврзано

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads