Ерозија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ерозија (латински erodere – нагризува, струга) е процес на разрушување честички од почва, камења и други делови од подлогата под дејство на водата и ветерот, како и нивно пренесување и таложење во зарамнетите делови од релјефот. Врз типот и интензитетот на ерозијата влијаат разни фактори:
- климатски (дожд, ветер, сонце...),
- топографски (наклон, облик на падина, дисецираност...),
- подлогата (почвен тип, петрографски состав),
- како и неправилното користење на земјиштето.
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |

Според причинителот, ерозијата се дели на:
- водна, во која спаѓаат плувијалната (дождовна) и флувијалната ерозија (предизвикана од текуштите води) и
- ветрова (еолска).
Плувијалната ерозија се дели на површинска и линиска (браздеста и јаружеста) ерозија. Посебни облици на ерозијата се: абразивна, ледничка, карстна и суфозија.
Remove ads
Статистика
Интензитетот на ерозијата се изразува во: [mm] однесен или наталожен слој; (м3/км2 годишно) или (t/ha годишно). Природната (нормална, геолошка) ерозија има интензитет до 100 м3/км2 годишно и претставува позитивен процес. Забрзаната (антропогена) е потпомогната од дејството на човекот (неправилна обработка, обесшумување, преголема испаша, несоодветни градежни активности итн.).
Во РМ, доминантна е водната ерозија, а нејзиниот просечен интензитет е 685 м3/км2 годишно. Околу 36% од територијата на РМ е зафатена со посилни процеси на ерозија, па РМ е меѓу најзагрозените држави во Европа.
Remove ads
Заштита од ерозија
За заштита од ерозијата се преземаат разни мерки и активности:
- техничко-мелиоративни (тераси, ѕидови, ровови...);
- противерозивна агротехника (контурна обработка...);
- шумско-мелиоративни (пошумување...);
- градежни (прегради, прагови, канали...);
- административни и
- образовни.
Ерозија на почвата
Ерозија на почвата е најраспространет и најважен вид на деградација на почвата. Ерозијата кај нас зависи од редица природни и антропогени фактори, меѓу кои на прво место е уништувањето на природната вегетација. Во далечното минато 95% од територијата на РМ била покриена со природна шумска вегетација. Со нејзиното уништување и деградирање се добиени големи површини пасишта, обработливи површини и голини (340.000 ha). Кај нас ерозијата е толку поинтензивна колку што се врнежите со поистакнат пороен карактер, колку наклонот на теренот е пострмен, колку еродибилноста на почвата и супстратот е поголема, колку природната вегетација е посилно деградирана или уништена и ако агротехниката е понеприспособена кон ерозивните процеси. Со ерозија не само што се однесува целата почва или дел од неа, туку посилно се однесуваат нејзините најважни делови (глината, хумусот, хранливи материите). Таа има и други негативни последици: нерегулиран воден режим во водотеците, поплави, дигање на нивото на подземните води, таложење големи количества груб нанос, уништување на инфраструктурни објекти, полнење на вештачките акумулации со нанос и др. Со картата за ерозија на почвата се претставени пет категории ерозија чиј интензитет опаѓа од I кон V категорија. Првите три категории изнесуваат 38% од територијата на РМ. Произведениот годишен нанос со ерозија одговара на 1.700 ha почва, длабока 100 cm. РМ е една од најзагрозените земји со ерозија во Европа.
Извор
- Македонска Енциклопедија. Скопје, Македонија: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 532–533. ISBN 978-608-203-023-4.
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
