Јулијан Шумлански

From Wikipedia, the free encyclopedia

Јулијан Шумлански
Remove ads

Јулијан Шумлански (полски: Julian Szumlański; 1840, ЛавовСофија, 1920) — просветител и просветен активист. Учител и во голем број училишта во Македонија.

Кратки факти Роден, Починал ...

Биографија

Рани години

Роден е во 1840 година во галицискиот град Лавов, во тоа период во рамки на границите на Австриското Царство. Дипломирал природни науки на Универзитетот во Лавов. Заедно со колегите од универзитетот формирале одред со кој учествувале во Полското Востание (1863 – 1864 г.). Осуден на прогонство во Сибир, тој успеал да побегне во Отоманското Царство. Се населил во Истанбул, каде со помош на Михал Чајковски започнал да работи во султанската палата. По некое време заминал за Романија, а подоцна пристигнал и во Бугарија, каде нашол работа како учител во училиште.

Просветителните дејства во Македонија

Првично предавал во гимназијата "Принц Борис I" во Русе, подоцна работел во Солунската машка гимназија и во други училишта низ Македонија. Го поддржувал македонското национално движење и помагал, преку дипломатски притисок, да се ослободат од затвор, голем број револуционерни дејци, осудени за антидржавни активности. Се оженил со македонката Захарија Василева и заедно со неа основале сиропиталиште во Битола, во кое биле згрижени околу 120 деца кои останале сираци по Илинденското востание во 1903 година. Станал професор на битолската машка гимназија.[1] Одржувал врски со Внатрешната македонската револуционерна организација.[2]

Последни години

За време на балканските војни бил меѓу главните организатори, заедно со сопругата, при создавање на Болницата за Црвениот крст за ранетите војници од Бугарската армија во Солун (денес Солунска општа Болницата „Свети Димитар“) .[3] Откако Бугарија ја загубила втората балканска војна, болницата на семејството Шумлански станала засолниште за прогонетите војници. По поразот на Бугарија во Втората балканска војна во 1914 година, тој и неговата сопруга биле протерани на еден од островите во Егејското Море. По завршувањето на воените дејствија, биле пречекани како национални херои во Софија. Пристигнувајќи таму Шумлански веќе бил во тешка здравствена состојба, каде што умрел набргу, во 1920 год.[4][5][6]

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads