1920
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1920 (MCMXX) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1920 година од новата ера, 920. од вториот милениум, 20. од XX век и прва од 1920-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7428 и 7429 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6670 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5680 и 5681 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2673.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1920 година се протега во 4556 и 4557, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4616 и 4617 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2463. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1338 и 1339 исламска година.
Remove ads
Настани
јануари
- 10 јануари - По иницијатива на претседателот на САД, Вудроу Вилсон, формирана е Друштво на Народите со седиште во Женева. Целите на оваа организација беа да се зачува мирот и да се зајакне меѓународната соработка. Нејзината активност не ги донесе очекуваните резултати. Фактички престана да дејствува уште во 1940 година, а формално беше укината во 1946 година.
- 16 јануари - Во САД е воведена прохибиција на производството, точењето и уживањето на алкохолни пијалаци. Оваа мерка не доведе до подобрување на општествените прилики, туку, напротив, лавината на корупцијата и на ганстерството доби уште поголем замав. Прохибицијата во 1933 година ја укина претседателот Франклин Рузвелт, отфрлајќи ја како штетна, утопистичка идеја.
февруари
март
април
мај
јуни
јули
август
септември
октомври
- 24 октомври - На повторените општински избори во Скопје победи КПЈ со освоени 58% од гласовите.
ноември
декември
Remove ads
Родени
- 2 јануари - Исак Асимов, руски писател
- 11 јануари - Славко Јаневски, македонски писател
- 19 јануари - Хавиер Перес де Куељар, генерален секретар на ОН од Перу
- 20 јануари - Федерико Фелини, италијански режисер
- 18 мај - Јован Павле II, римски папа
- 16 август - Хенри Чарлс Буковски, американски поет и писател
- 19 декември - Лазар Мојсов, македонски и југословенски политичар и дипломат
- 29 февруари - Благој Страчковски, македонски народен херој, учесник во НОБ
Починале
- 17 февруари - Јован Бабунски, србомански четнички војвода
- 14 јуни - Макс Вебер, германски социолог
- 29 декември — Марко Цепенков, македонски собирач на народни умотворби
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads