Јунузлија

село во Општина Карбинци From Wikipedia, the free encyclopedia

Јунузлијаmap
Remove ads

Јунузлија — мало село во областа Јуруклак, во Општина Карбинци, сместено во околината на градот Штип.

Кратки факти
Remove ads

Потекло на името

Името на селото веројатно доаѓа од личното име Јунуз.[2]

Географија и местоположба

Ова мало село се наоѓа во областа Јуруклак, во источниот дел на територијата на Општина Карбинци, во средното сливно подрачје на реката Брегалница, а на северозападните ограноци на планината Плачковица.[3] Селото е планинско, на надморска височина од 940 метри. Од градот Штип е оддалечено околу 20 километри.[3]

Во 2018 година, пристапниот пат до селото, кој се двоел од регионалниот пат Р2431 бил целосно асфалтиран.[4]

Remove ads

Историја

Во XIX век, Јунузлија било село во Штипската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Атарот е мошне мал и зафаќа простор од 3,4 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 174 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат само 40 хектари, а на пасиштата уште помалку само 6,6 хектари.[3]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во селото живееле 96 жители, сите Турци.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Турци.[6]

Селото е мало, коешто во 1961 година броело само 8 жители, а во 1994 година бројот се зголемил на 24 жители, турско население.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Јунузлија живееле 35 жители, сите Турци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 39 жители, од кои 23 Турци и 16 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Remove ads

Самоуправа и политика

Thumb
Поглед во селото

Селото влегува во рамките на Општина Карбинци, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Карбинци.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Штип. Селото припаѓало на некогашната општина Штип во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот од 1955 до 1957 година селото се наоѓало во рамките на тогашната општина Радање.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Радање, во која покрај селото Јунузлија, се наоѓале и селата Вртешка, Голем Габер, Ебеплија, Калапетровци, Калаузлија, Кепекчелија, Кошево, Курфалија, Кучилат, Кучица, Мал Габер, Мичак, Муратлија, Никоман, Оџалија, Почивало, Прналија, Радање и Шашаварлија. Селото припаѓало на Општина Радање во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Голем Габер, Јунузлија, Калаузлија, Кепекчелија, Кучилат, Курфалија, Мал Габер, Оџалија, Радање и Таринци.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 2329 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во селото Калаузлија. Во избирачкото место се опфатени селата Јунузлија, Кепекчелија и Калаузлија.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 87 гласачи.[14]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 86 гласачи.[15]

Remove ads

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads